„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
Порака за светскиот ден на театарот од Кшиштоф Варликовски - 27 март
(26 мар 2015)

Светски ден на театарот - 27 март, 2015

 

Вистинските мајстори на театарот најлесно може да ги најдеме надвор од театарските сцени. Обично тоа се луѓе кои не го третираат театарот како вид на машина за репродуцирање на клишеа и конвенции. Токму тие ги пронаоѓаат пулсирачки извори и живи текови на реките, кои најчесто ги избегнуваат театарските сали и насобрана во нив безбројна толпа која се занимава со имитација на некои светови. Имитираме наместо да создаваме сопствени светови кои се концентрирани, па дури и зависни од дебати со публиката и од чувствата кои пристигнуваат прикриени, а кои токму театарот знае најдобро да ги открие.

Таквите водичи ги наоѓам најчесто во прозата. Денес постојано и секојдневно размислувам за писателите кој пред околу сто години визионерски, иако воздржано, го опишаа самракот на европските богови, кои ја потонаа нашата цивилизација во до ден-денес неразјаснет мрак. Тука мислам на Франц Кафка, Томас Ман и Марсел Пруст. Денес кон оваа група на пророци би гододал уште Џон Максвел Куци.

Нивното заедничко чувство за неминовниот крај на светот, не како планета, туку како модел на меѓучовечки односи, поредоци и бунтови, е сега со нас на многу изразен начин. Со нас кои живееме после крајот на светот. Во однос на злосторствата и конфликтите што потпалуваат и зафаќаат се понови места, дури побрзо отколку се присутните медиуми, се во состојба да стигнат да ги покријат со своите прилози и извештаи. Овие пожари и онака брзо стануваат здодевни и неповратно исчезнуваат од медиумските известувања, а ние се чувствуваме беспомошни, преплашени, опколени. Веќе не знаеме да градиме кули, додека ѕидовите кои постојано ги создаваме не не заштитуваат пред ништо, напротив тие сами бараат заштита и грижа која ја јаде речиси цела наша животна енергија. И немаме веќе сила да се обидуваме да го согледаме тоа што се наоѓа зад капијата, зад ѕидините. А токму заради тоа би требало да постои театар и од тоа да ја црпе својата моќ. Да гледа таму каде гледањето е забрането.

„Преданието се обидува да го објасни необјаснивото. Бидејќи истото потекнува од длабочината на вистината, мора да го најде својот крај во необјаснивото" - овие зборови кои Кафка ги употреби во врска со метаморфозите на преданието за Прометеј ги користам за да кажам каков би требало да биде театарот и на сите негови работници, оние на сцената и оние во публиката им посакувам токму таков театар кој започнува во длабочината на вистината и го наоѓа својот крај во необјаснивото.

 

Превод на македонски јазик: Матеј Качоровски

Лектор: Татјана Христовска Качоровска

 
Назад
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios