„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
Овации за „Хамлет“ во Софија
(06 ное 2010)

По големиот успех во Англија претставата „Хамлет“ на Драмскиот театар беше одлично прифатена од публиката во Софија, пренесува дописникот од Софија на агенцијата „Ефакт“. Драмскиот театар гостуваше во престижниот Театар на армијата во бугарскиот главен град, а од таму замина за Пазарџик, каде што вчера учествуваше и на фестивалот „Есенски театарски средби“.
„Публиката во Софија го дочека крајот на претставата со огромно ракоплескање. Гостувањето во Бугарија беше проследено и од многу реномирани театарски критичари, актери и режисери“, пренесува „Ефакт“.
По претставата, директорот на Драмскиот театар, Бранко Ѓорчев,изјавил дека многу се радува што и на ова гостување се потврдува фактот дека „Халмет“ станува културен бренд на Драмскиот театар.
Дејан Лилиќ, главниот катер, пак, во Софија рекол дека на секоја претстава на „Хамлет“ има една мисија - неговите дилеми и прашања да станат прашања и дилеми на целата публика.
Режисерот на претставата Дејан Пројковски изјавил дека во Софија уште ендаш се потврдил современиот театарски јазик на претставата.
„Бидејќи имаме многу покани за гостувања се надевам дека Софија е само еден од многуте градови во кои нашиот „Хамлет“ ќе повикува за патување низ човечката душа и срце за да се стигне до одговорите на животните прашања и дилеми“, изјавил Пројковски.

 
 
 
Наслов на претставата   Хамлет
Автор:   Вилијам Шекспир
Режија:   Дејан Пројковски
Сценографија:   Владо Ѓоревски
Костимографија:   Благој Мицевски
Музика:   Горан Трајковски
Улоги:   Дејан ЛилиќКатерина КоцевскаДраган СпасовЛазе МанасковскиИгор СтојчевскиФилип ТрајковиќСања Арсовска
КГ:   Петар Горко, Викторија Степановска, Игор Ангелов, Александар Ѓеорѓиески, Игор Георгиев, Никола Ацески, Слободан Трендов
Инспициент:   Кире Ставревски
Суфлер:   Жаклина Ѓеоргиевска
     
   

 

ХАМЛЕТ - ИЛИ ДА СЕ БИДЕ ИЛИ ДА СЕ БИДЕ!

 

Денес, не е проблемот да се биде или не, денес проблемот е да се Биде. И тоа како да се биде, зошто да се биде, наспроти се, поради кој и како да се биде. Да не се биде, сепак, значи спокојство, тишина и слеаност со бескрајот на времето. Да се биде - денес, значи да се биде фрлен во една „заедничка„ цивилизација, каде страдањето, осаменоста, предавството, лудилото, бедата имаат едно заедничко име - глобален прогрес. Нема повеќе замоци, кралеви, дворски лавиринти - на светската берза - за се и сешто може да се тргува па и со крвта  на Хамлет, која, патем, е и многу евтина...Во потполно освоениот простор на човештвото, новиот потоп се вика изобилство на слики, звуци „информации„...

бабилон е меѓу нас - веќе од толку слики не се распознаваме, не се слушаме, не се разбираме, глуви и слепи врвиме низ неповторливиот и огромен прогрес на човекот? Молчи ме? Не знаеме зошто бевме? Не знаме кои бевме? Наместо светлина гледаме флуоресцентни одблесоци од привлечниот пекол на непостењето, наместо љубов го гледаме човечкото месо искасано од канибалската автобиографија на terra ludens.

Пред неколку века, тој проклет принц дански, во ореова лушпа сместен, го виде денешниов ден и полуде од болка, од очај, тука е покрај нас уште во единственото место каде што остана малку од закопаната вистина - театарот. Како Вергилие - со бесен и меланхоличен ентузијазам во исто време ќе не води низ она што со некоја чудна и несфатлива упорност - стварност го нарекуваме? Можеби е тука за да ни ја каже алхемиската формула за да не се Биде и да се ѕирне во кристалите на вселената и на ѕвезденото треперење на сите изгубени, скриени, заборавени души - минати, сегашни, идни - за сите времиња.

Нашиот Хамлет е крикот на театарот - го слушаме ли?

 

                                                                                                            Дејан Пројковски

     
Назад   Галерија
     
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios