“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Со бројни гостувања и богата меѓународна активност, Драмски ја започнува новата сезона
(14 сеп 2012)

Гостувања на меѓународен театарски фестивал и настапи во две европски културни претстолини ја започнуваат сезоната 2012/2013 на НУ Драмски театар - Скопје. Од 9 до 12 септември, со претставата „Хамлет“ во режија на Дејан Пројковски, а во главна улога на Дејан Лилиќ, Драмски настапи во Марибор, Словенија, со која изведба, која изминатиот период ги освои театарските сцени во повеќе европски градови, беше заокружено претставувањето на македонската култура во рамките на манифестацијата „Марибор - европска престолнина на културата за 2012 година“. Веќе од 15 до 18 септември, со истата претстава, Драмски гостува во Лече, Италија, каде учествува на Меѓународниот театарски фестивал кој секој година се одржува во овој град. 

Од 25 до 28 септември, овој пат со претставата „Александар“ од Љубиша Георгиевски, Драмски ќе ја претстави македонската театарска уметност во Киев, Украина, каде ќе настапи во рамките на „Денови на македонска култура“ во Киев. 
Богатата меѓународна активност го одбележува почетокот на сезоната која најавува три нови премиери и уште неколку гостувања.
НУ Драмски театар - Скопје својата редовна репертоарска сезона ќе ја започне во октомври.  


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Аплаузи за „Хамлет“ на Драмски во Марибор
(13 сеп 2012)

Со бурни аплаузи и овации на многубројната публика, во словенечкиот театар во Марибор, беа поздравени актерите на Драмскиот театар за изведбата на претставата „Хамлет“ во режија на Дејан Пројковски

Маестралната игра на македонскиот „Хамлет“, Дејан Лилиќ, како и на другите актери, претставена во една современа димензија, ја остави словенечката публиката без здив. 
Со изведбата на оваа претстава, која изминатиот период ги освои театарските сцени во повеќе европски градови, беше заокружено претставувањето на македонската култура во рамките на манифестацијата „Марибор - европска престолнина на културата за 2012 година“. 
На затворањето на манифестацијата присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која во своето обраќање истакна дека учеството на европската престолнина на културата е особено значајно затоа што постои можност да се прикаже сопствената култура. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios