“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Гостување на НУ Драмски театар - Скопје во Ниш и Крагујевац
(28 сеп 2011)

Со почетокот на сезоната, НУ Драмски театар - Скопје истовремено ја започува и својата богата меѓународна активност со која ја претставува македонската театарска уметност и надвор од границите на државата.

Првото гостување е на престижниот меѓународен театарски фестивал со натпреварувачки карактер, „Јоаким Интер Фест“ 2011, во Крагујевац, Србија. На овој фестивал Драмски ќе се претстави со претставата „geNOcid21“ од Љубиша Георгиевски, во режија на Владлен Александров. Главните улоги во претставата ги носат Јелена Жугиќ и Рубенс Муратовски, кои својата маестрална актерска игра веќе ја потврдија со добивањето на награди за најдобро актерско остварување на фестивалите „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и ИФАД „Стоби“ - 2011. Претставата, која ќе се игра на 7 октомври, во Књажевско Српски Театар - Крагујевац, воедно и ќе го отвори фестивалот. 

Веќе на 6 ноември, 2011 година, на меѓународниот театарски фествивал „ГЛУМ БАЛ“ во Народно позориште - Ниш, НУ Драмски театар - Скопје ќе се претстави со претсавата „Хамлет“ од В. Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Од самиот почеток претставата „Хамлет“ ја освои не само македонската, туку и публиката во Белград, Колчестер - Англија и Софија и Пловдив - Бугарија, а се здоби и со значајни домашни и меѓународни театарски признанија. 

Во текот на сезоната Драмски театар најавува навистина интересна меѓународна активност. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Започнува новата сезона на НУ Драмски театар - Скопје
(22 сеп 2011)

Репертоар за месец септември, 2011 година

25.09 - недела, „Надеж“ (Фестивал Млад Отворен Театар), мала сцена, почеток 22.00 ч. 

27.09 - вторник, „Слугинки“ (Фестивал Млад Отворен Театар), мала сцена, почеток 22.00 ч. 

30.09 - петок, „Олово на перница“, ДТС, голема сцена, почеток 20.00 ч. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Македонска верзија на „Господа Глембаеви“ во Драмски театар
(05 сеп 2011)

Станува збор за драма во која на македонски начин и со сосема различна приказна од онаа на Крлежа се укажува на тоа дека во моментов ни се случува класичен геноцид на сиромашните од разни Глембаеви, вели авторот на текстот Венко Андоновски. Претставата ќе ја режира Дејан Пројковски


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios