„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 "geNOcid21" апсолутен победник на фестивалот „Стоби“
(01 авг 2011)

Драмски ги собра наградите на „Стоби“

Претставата „Геноцид 21“ на Драмскиот театар од Скопје ги освои сите награди на фестивалот на античката драма „Стоби 2011“, кој заврши прексиноќа. Претставата ја доби наградата „Афродита“ за најдобра претстава во целина, режисерот Владлен Александров беше награден за режија, Јелена Жугиќ за најдобра женска улога и Рубенс Муратовски за најдобра машка улога. Така одлучи жирито во состав Марушка Гејмаер Облак, претседател и Бедија Беговска и Братислав Димитров, членови. Одлуката била донесена едногласно.

- Претставата имаше креација, музика, визуелна уметност, ролји, порака која е денешна и општа. Не можевме поинаку да решиме - објасни Гејмаер Облак.

Таа додаде дека годинава имало слаба конкуренција, а како добра ја посочи и турската претстава „Медеја“.

- Претставата им ја посветувам на сите македонски мајки, кои секогаш раѓаат по едно дете повеќе отколку што непријателот можел да потомори - рече актерката Жугиќ при добивањето на признанието.

Муратовски истакна дека наградата доаѓа како признание за добро завршена работа.

- Не станав подобар глумец по оваа награда, туку таа е признание за вложениот труд во оваа претстава - рече Муратовски.

Од вкупно седум што се одиграа на јубилејното 10. издание на фестивалот, Драмски театар учествуваше со три претстави.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios