“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Убава, лелеава естетика
(07 јул 2009)

Видовме шест одлични дами, актерски созреани индивидуи и прецизен режисерски ракопис... Кои создадоа театарски чин, поетика насловена како Маркиза која во целина ја враќа вербата во чистиот прецизен, вистински Театар...


Приказна за перверзијата, суетата, деструктивната емоција, поетиката но и некаде од далеку, за љубовта... Приказна видена, доживеана, раскажана, од шест жени љубоморни, разгневени, вљубени, детски расположени, нежни, гневни, растревожени, разиграни, гладни... И повторно за љубов. Во центарот на нивните животни стории е тој, развратникот, за кој се зборува, кого го нема, а сепак е присутен, Маркизот Де Сад. Таа приказна стара повеќе од два века се мултиплицира до денес, преку окото, размислата и раката на режисерот Ѕвезда Ангеловска и нејзиниот прецизен режисерски ракопис ... И шест одлични дами, актерски созреани индивидуи... За да се создаде татарски чин, поетика насловена како Маркиза која во целина ја враќа вербата во чистиот прецизен, вистински театар...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Овации за режисерското деби на Ѕвезда Ангеловска
(06 јул 2009)

Го­лем број актери и режисери дојдоа прексиноќа во Драмскиот театар на ог­не­но­то крштавање како режисер на актерката Ѕвезда Ангеловска, со прет­ста­ва­та "Маркиза", по текстот на Јукио Мишима. Користени се и де­ло­ви­те од "Исповед на една маска" од Ми­ши­ма ( работен според монолог од "Браќа Карамазови" од Достоевски), монолог на Шар­ло­та, според "Виш­но­ва­та градина" од Чехов, а има и исповед на Шарлота, која е на­пи­ша­на од актерките во претставата.
Дејс­тво­то се случува во бурните години пред и за време на Француската ре­во­лу­ци­ја. Претставата ги раскажува убавите и тажни спомени на шест же­ни за Алфонс Франсоа Маркиз де Сад, како: неговата сопруга Мар­ки­за­та (Искра Ветерова - Славенска), нејзината мајка госпоѓа Де Монтреј (Бил­ја­на Драгиќевиќ - Пројковска), нејзината сестра Ана ( Трајанка Илиева ), гро­фи­ца Де Сан Фон (Ирена Ристиќ), Мари (Гордана Ендровска) и слу­гин­ка­та Шарлота (Калина Наумовска).
Ак­тер­ки­те играат час и половина во шпиц патики, по кореографијата на Ис­кра Шукарова - со што претставата добива посебен шмек.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Премиера на претставата „Маркиза“ од Јукио Мишима, режија Ѕвезда Ангеловска
(02 јул 2009)
На 2 Јули, Четрвток, со почеток во 20.30 часот, во рамките на манифестацијата „Скопско лето“, на големата сцена на НУ Драмски театар - Скопје премиерно ќе се изведе претставата „Маркиза“ по текстот „Маркиза Де Сад“ од Јукио Мишима, а во режија на Ѕвезда Ангеловска. Во претставата учествуваат Искра Ветерова - Славенска, Билјана Драгичевиќ - Пројковска, Ирена Ристиќ, Гордана Ендровска, Трајанка Илиева и Калина Наумовска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костомографијата е на Марија Пупучевска.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios