“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Успешна изведба на „Сон на летната ноќ“ во Саранда
(23 јул 2008)
Претставата „Сон на летната ноќ“ на Драмски театар од Скопје синоќа го затвори деветтиот фестивал на Интернационални театарски игри „Бутринти 2000“, кој се одржа во Саранда, Албанија, јави МИА. Шекспировата комедија во режија на Коле Ангеловски беше прикажана во амфитеатарот на античкиот локалитет Бутринти, оддалечен 20-ина километри од туристичкиот град Саранда. Македонската претстава ја видоа многу туристи Македонци, Албанци, Французи. Публиката беше задоволна од тоа што македонските актери го покажаа на сцената. На фестивалот имаше и критичари од Албанија и од Франција, кои дадоа позитивни критики за претставата. Во „Сон на летната ноќ“ играат актери од неколку генерации - Рубенс Муратовски, Гордана Ендровска, Ѓорѓи Тодоровски, Гоце Тодоровски, Владимир Ангеловски- Дади, Бошко Бозаџиевски, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Трајанка Илиева, Јелена Жугиќ и други. Фестивалот имаше ревијален карактер. Освен македонската претстава беа прикажани уште три од Србија, Чешка и од Албанија.

 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Драмски театар во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“
(16 јул 2008)
Под наслов „Топол културен бран“ вечерва почнува новата културна манифестација која, во организација на Министерството за култура, ќе се одржува до 1 септември во 27 града низ земјава. На отворени сцени низ земјава ќе бидат изведени триесетина настани, а влезот е слободен. НУ Драмски театар ќе настапи во четири града низ државата и тоа на 16 Јули во Кичево со претставата „Сон на летната ноќ“, а на 28 Јули во Крива Паланка, 29 Јули во Тетово и 30 Јули во Валандово со претставата „Како да ја убиеш сопругата и зошто“. 
Целта на проектот е програмата на националните институции, финансирана од Министерството за култура, да се направи достапна за сите граѓани на Македонија, да се анимира публиката во овој период од годината и да се збогати нивното културно живеење. Со тоа граѓаните во целата држава ќе се мотивираат и доближат до најактуелните културни случувања кои секојдневно се случуваат во главниот град.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 „Облачна исповед“ на фестивалот „Актерот на Европа“
(09 јул 2008)
Во рамките на фестивалот „Актерот на Европа - Преспа 2008“ кој се одржува во Ресен, на 11 Јули ќе се изведе монопретставата со Драган Спасов - Дац „Облачна Исповед“. Претставата ќе се одигра во Дом на културата Сарај - Ресен.
Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 „Облачна исповед“ на Охридско лето
(09 јул 2008)



На 14 јули во Домот за култура „Глигор Прличев“ во Охрид ќе се одигра монопретставата „Облачна исповед“ со Драган Спасов-Дац.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Премиера на претставата „ Сон на летната ноќ“
(09 јул 2008)







Во рамките на манифестацијата „Охридско лето“, оваа година НУ Драмски театар ќе настапи со претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Коле Ангеловски. Изведбата е воедно и премира на преставата која ќе се одржи на 15 Јули на летната сцена на Хотел „Парк“ - Охрид.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 „СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“ гостува во Кичево
(09 јул 2008)
По премиерата на фестивалот „Охридско лето“, на 16 Јули претставата „Сон на летната ноќ“ ќе гостува во Домот на културата во Кичево.
Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Рецензија: „КОЗА ИЛИ КОЈА Е СИЛВИЈА“, РЕЖИЈА ДИНО МУСТАФИЌ, ДРАМСКИ ТЕАТАР
(07 јул 2008)

Јелена Жугиќ ја извади претставата

Најслабата алка на оваа претстава е режијата, како да е однапред уплашена од шокантниот ефект што неминовно го предизвикува, не ги изработува до крај односите и ликовите


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Премиера на претставата „Коза или, која е Силвија?“
(04 јул 2008)

Во рамките на овогодинешното Скопско лето Драмскиот театар ќе ја одигра премиерно претставата „Коза или, која е Силвија?“ од Едвард Олби, во режија на Дино Мустафиќ. Главните улоги ги толкуваат Мето Јовановски, Јелена Жугиќ, Кирил Ристоски и Филип Трајковиќ.























Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 КОЗА, ИЛИ КОЈА Е СИЛВИЈА“ УТРЕВЕЧЕР ПРЕМИЕРНО ВО ДРАМСКИ
(03 јул 2008)
Кога човекот е заљубен во коза, провокацијата е главна на сцената

Каде е границата меѓу она што е „болно“ и она што е „нормално“ и кој е тој што има право да ја постави таа граница? Како да се разбере признанието на еден сопруг дека извршил нешто неприфатливо, односно се заљубил во „некоја Силвија, која е коза“ и како неговите најблиски, сопругата и синот, да живеат со метафизичкиот прашалник за тоа како да ја разберат таа љубов?

Ова се прашањата кои ги отвора контроверзното драмско дело „Коза, или која е Силвија“ од американскиот драмски писател Едвард Олби, кое утревечер, во режија на Дино Мустафиќ од Босна и Херцеговина и со екипа од Драмски театар, ќе биде премиерно изведено на сцената на оваа куќа од 20 часот.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Настап на меѓународниот фестивал „ Бутринти 2000“ во Саранда, Р Албанија
(02 јул 2008)



По минатогодишниот успешен настап на меѓународниот театарски фестивал „Бутрини 2000“ во Саранда, Р Албанија, оваа година, Драмскиот театар повторно гостува, овојпат со новата поставка на претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир во режија на Коле Ангеловски. Претставата премиерно ќе биде изведена на фестивалот „Охридско лето“, а во Саранда ќе се изведе на 21 Јули.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios