“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Дејан Лилиќ актер на вечерта на Муциеви денови
(21 мај 2011)

Актерот Дејан Лилиќ е добитник на наградата Актер на вечерта, која му беше врачена во рамките на фестивалот "Муциеви денови", што секоја година се одржува во белградскиот театар "Атеље 212".

Во конкуренција од десеттина претстави од регионов, Лилиќ за маестрално одиграната улога на Хамлет од истоимената претстава доби сребреник со ликот на режисерот Љубомир Муци Дракшиќ.

По четирите успешно одиграни претстави во Колчестер, Англија и по наградата Актер на годината, што му ја додели "Дневник" за улогата на Хамлет, Лилиќ не престанува да ја освојува домашната, светската и регионалната публика.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Рецензија/„ГЕНОЦИД 21“ АУТОПСИЈА НА ГЕНОЦИДОТ И СЕОПШТОТО УРИВАЊЕ
(04 мај 2011)

ВИСТИНА Линијата е жестоко вистинита, болна во падовите и поразите. Најизразена е во стопеноста со вистината: крвникот станува жртва, жртвата станува крвникот. Вистината за слободата и вистината за убиствата и мечтите е вистина за раѓањето и за смртта.

ПИШУВА: ЛИЛЈАНА МАЗОВА

Којзнае како и зошто, на чиј ќар или зијан, ама откако сè и сешто поделивме по партиските теркови, и театарот ни функционира по тие правила. Има „наши“ и „ваши“, без разлика дали се актери, режисери или било кои други што се дел од еден проект, од една претстава. Едни се повлекоа, други чекаат, едни работат тука, други некаде надвор. Секој со/по своите можности и со/по своите правила. И сè е можно! 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Рецензија / „БААЛ“ ОД БРЕХТ БЕРТОЛТ БРЕХТ ВО МАКЕДОНСКАТА РЕАЛНОСТ
(03 мај 2011)

Оптимизам Во претставата на Кочовски има оптимизам. Се трага по сведените на ништо критериуми, по новото кое бара свој простор во речиси заѕиданите свет на некогашни приказни.

„Баал“ е колективна приказна за уметникот и општеството, културата и моралот.

Сегашност Деконструкција на свет заглибен во матни води, разврат, цитати од филмови и песни од некогашни идоли (поранешна Југославија) наместо своја автентична и сегашна приказна.   


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Рецензија / „Олово на перница“ УГОРЕ И УДОЛУ
(03 мај 2011)

ИРОНИЈА  Низ лавиринтите на прашањата за доброто и лошото, оправданоста и неоправданоста на човековите криминални постапки, за тоа колку животот е фикција, а фикцијата е живот, а, сепак, се смееш на она од што те полазуваат морници 

ПИШУВА: ЛИЛЈАНА МАЗОВА

Во Драмски театар e време на премиери. Првата за оваа календарска година беше „Олово на перница“ (13 март), следуваше „Крвта не е вода“ (20 март, продукција на „Дневник“, а Драмски е домаќин), па „Баал“ (31 март) и по него  „Геноцид 21“ (20 април).

Новиот концепт на Драмски е секоја година новата продукција да се готви според поставен параметар. „Олово на перница“ е дел од програмата за 2011 која, главно, му биде посветен на домашниот автор. Идната 2012, на пример,  предвидува новите претстави да ги поставуваат режисери-гости од други земји.

Концептот за поставена различност е практикуван. Меѓутоа, и тешко додржлив поради законската регулатива на програмското финансирање. Во светот од поодамна режисерите од поголем формат имаат агенда за неколку години однапред. Нашата пракса е поинаква. Новата програма, онаа што е со буџетска финансиска поддршка, се објавува на почетокот на годината во која треба да биде изведена, што значи секој договор со режисер од друга средина може да биде доведен во прашање. Но, да исчекаме. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 РЕЦЕНЗИЈА „ГЕНОЦИД 21“, РЕЖИЈА ВЛАДЛЕН АЛЕКСАНДРОВ, ДРАМСКИ ТЕАТАР Мегдан на вистините
(03 мај 2011)

 

Најважното орудие на режисерот и главен спроводник на идејата на текстот се актерите Јелена Жугиќ и Рубенс Муратовски, кои прават сериозни и цврсти актерски студии.

По успешната заедничка соработка на „Жената како воено поле“, бугарскиот режисер Владлен Александров повторно гостува во Драмскиот театар. Користејќи ја препознатливата естетика, режисерот и овој пат н` почести со крајно отворена постановка која силно атакува на сетилата и емоциите на гледачот.

Во рамките на едноставната, речиси црно-бела визуализација, детаљно се елаборираат големите теми како што се историјата, правдата, вербата, потеклото, љубовта и смртта. Теми кои никогаш не се едноставни, а уште помалку црно-бели. Текстот на Љубиша Георгиевски го презентира постапокалиптичниот конфликт меѓу џелатот и жртвата. Протагонистите на конфликтот се Хекуба, несреќната тројанска кралица која го видела сиот свој род потоморен или пратен во ропство и Агамемнон, суровиот микенски крал кој доброволно прифатил да го жртвува најмилото чедо за поволен ветер кон Троја. Н` соочува со фактот дека нема никаква романтика во војната, само смрт, јад, беда и духовно оштетени луѓе.

Оваа вечна „последна битка“ се одвива во надреален сценски простор, омеѓен со платна на кои се проектираат слики и зборови што го интензивираат доживувањето и ги подвлекуваат поентите. Тоа е мегдан во кој војуваат спротивставените вистини. Историјата и легендите напишани од победниците се проблематизираат и релативизираат и на крајот, џелатот станува жртва.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios