"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 „Сите лица на Петре М. Андреевски“ во Драмски театар
(29 мај 2008)
Претставата „Сите лица на Петре М. Андреевски“ во Драмскиот театар во Скопје е создадена како тотален театар во кој се обединети изразот, емоциите, ритуалот, етнографијата, битот на овој народ низ неговото минато во одразот во сегашноста. Зборот, играта, молкот, сликата, музиката, колоритот, искрената љубовна посветеност или кој било друг симбол во претставата, се концентрирани на човекот. Оној што Петре М. Андреевски го споредува со тврдокорниот пиреј кој колку и да го корнеш не ќе можеш да го искорнеш, да го искорениш.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Магот Петре е жив!
(14 мај 2008)

Бол, сон, радост, плач, заблуди, живот, надеж, војни, смрт... насмевка за самите себеси, магија, збор, Љубов... слика... театарска, отсонувана, напати небаре вистинска, доживеана... и сето тоа заедно со големиот маг на нашето писмо - Петре М.Андреевски. Со тоа се потврди дека тој и тоа како бил, е и ќе биде уште долго жив! Тој сведок на нашиот искон од бол до ритуал, од смеа до солза - внесе магија во нашата меморија... И таа магија мораше повторно некаде да се роди, да се види ... се случи на сцената на Драмскиот театар, со режисерскиот ракопис на Владо Цветановски и на една фантастично енергична екипа, која ги инсценираше и одлично ги вообличи "Сите лица на Петре М.Андреевски" - во успешен обид за сублимација на сето претходно образложено и кажано во овој текст за големиот творец, за нашето минато, за нашата реалност, сегашност и промисла за иднината...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 ПО ПРЕМИЕРАТА НА „СИТЕ ЛИЦА НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ“ ВО ДРАМСКИ
(12 мај 2008)

Премиерната изведба на долгонајавуваниот проект „Сите лица на Петре М. Андреевски“ во режија на Владо Цветановски, во саботата во Драмски театар, ги надмина очекувањата и на најголемите оптимисти во публиката. Со огромен аплауз и двапати враќајќи ги на бис актерите во постановката, гледачите го наградија театарското патешествие низ творештвото на големиот македонски автор Петре М. Андреевски. Македонско вино, ајварче на лепче, импровизации на соби од традиционалните македонски куќи ја дочекаа публиката во Драмскиот театар.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Оживување на македонската традиција
(12 мај 2008)


Мирисот на древноста и традицијата во флуидните, чисти сцени на „Сите лица на Петре М. Андреевски“ го донесе синхронизираниот колективен ангажман.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Премиера на „Сите лица на Петре М. Андреевски“
(10 мај 2008)


Петре М. Андреевски е суштината на македонскиот идентитет. Неговите песни, романи, раскази се бисери на нашата духовна длабочина, вели режисерот Владо Цветановски, кој инспириран од величината на нашиот голем автор на сцената на Драмскиот театар ја работи претставата „Сите лица на Петре М.Андреевски“.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Театарски омаж за Петре М. Андреевски
(09 мај 2008)
„Сите лица на Петре М. Андреевски“, на сцената ќе ги оживее некои од најубавите дела некогаш напишани на македонски јазик
Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Премиера на „Сите лица на Петре М. Андреевски“
(09 мај 2008)

Петре М. Андреевски е најчитаниот македонски автор, не попусто, ами зашто во неговите дела го препознаваме сопствениот идентитет, својата пирејска природа, рече режисерот Владо Цветановски, на вчерашната прес-конференција. Поводот е премиерата на претставата „Сите лица на Петре М. Андреевски“, утревечер во 20 часот, во Драмскиот театар во Скопје. Со претставата, се прави омаж на творештвото на Андреевски, а Цветановски објаснува дека се случува во вистинско време, кога македонскиот идентитет е загрозен од сите страни. По десет години, тој повторно режира на сцената на Драмски театар. Главната улога во мултимедијалната претстава ја толкува Ѓорѓи Јолевски. Во проектот учествува и сликарот Сергеј Андреевски, син на Петре М. Андреевски.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Будење на пирејската природа
(09 мај 2008)

Тој "шета" во минатото, сегашноста, но и во иднината и оттука потребата за поставување во овој момент, во ова наше некакво и никакво време, експлицираше режисерот Владо Цветановски за мотивите на својата постановка


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 „СИТЕ ЛИЦА НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ“ ПРЕМИЕРНО ВО ДРАМСКИ
(09 мај 2008)

Четиричасовно подигање на македонската духовна вертикала


Обемниот проект „Сите лица на Петре М. Андреевски“, во режија на Владо Цветановски, премиерно ќе биде изведен утревечер на сцената на Драмски театар, од 20 часот. Станува збор за четиричасовен мултимедијален проект кој има намера да ја прикаже македонската духовна вертикала во повеќе сфери - литература, музика, сликарство, актерство - и со тоа да претстави дел од богатата ризница на нашата традиција. За таа цел, уметничката екипа најавува дека целиот простор на Драмски театар ќе биде претворен во голема сцена.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 КОН ПРАИЗВЕДБАТА НА „ОБЛАЧНА ИСПОВЕД“ ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР
(02 мај 2008)
Нестандардна монодрама со класични атрибути

Што му останува на човекот ако се скратат крилјата на неговата мисла во слободниот и безграничен лет во светот на фантазијата, светлината и убавината, ако му се земе најинтимното што го носи во себе - правото да сонува, да мечтае за еден подобар и похуман свет, да има макар мало парче од убавината и недостижноста на белите облаци?


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios