"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 "Грев или Шприцер" по втор пат во Драмски
(27 апр 2011)

РЕЖИСЕРОТ ДЕАН ДАМЈАНОВСКИ ГО ПОСТАВУВА КУЛТНИОТ ТЕКСТ НА САШКО НАСЕВ 

Текстот на Сашко Насев "Грев или Шприцер", кој имаше голем успех во '90-тите години на минатиот век, со одлична екипа предводена од Ненад Стојановски, летово ќе го видиме во нова верзија во Драмски театар

Актерот Драган Спасов-Дац ќе игра една од легендарните улоги на Ненад Стојановски - Крсто Шприцер, Билјана Беличанец-Алексиќ е Цвета (ја играла Силвија Стојановска), а како Тони Џанго и Црни, кого го играле Игор Џамбазов и Дац, ќе го видиме студентот Мартин Јордановски. 

Ова е дел од кастингот за претставата "Грев или Шприцер" од Сашко Насев, која деновиве во Драмски театар ја поставува режисерот Деан Дамјановски. Станува збор за култни текст и претстава, која во '90 години на минатиот век во Драмски театар ја постави Димитар Станкоски и која е дел од златните времиња на македонскиот театар. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Премиера на „Геноцид 21“ според текст на Љубиша Георгиевски
(19 апр 2011)

На сцената во Драмски театар, утре во 20 часот премиерно ќе се изведе претставата „Геноцид 21“ според текст на Љубиша Георгиевски, а во режија на Владлен Александров од Бугарија. Со поднаслов „Приказна за уривањето“, оваа пиеса зборува за војната, но и за мирот, како што ќе потенцира режисерот, зборува за лагата, но и за вистината, за злосторството, за казната, за стапицата, за слободата, за раѓањето, за убиството, за мажот и жената, за децата, за нас, за другите, за мечтата, за убиството на една мечта, за тоа како може да се издржи насилството и навредите, за минатото и за бескрајот...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 20.04.2011 - Премиера на geNOcid21
(18 апр 2011)


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Кочовски со колективната енергија стигна во Драмски
(06 апр 2011)

Енергијата и пристапот на режисерот Мартин Кочовски, конечно ги доживеа и ги награди и скопската публика, по прексиноќешната премиера на текстот на Брехт "Баал" во Драмски театар. 

Како ретко досега, голем број театарџии, не само од скопските театри туку и од Битола, Прилеп и од Велес, дојдоа на премиера на текст кој за првпат се поставува во Драмски. Кочовски е познат и наградуван за неговите поставки на двата текста на Брехт "Тапани во ноќта" и "Кавкаски круг со креда" во Прилепскиот театар. 

Приказната за антихеројот Баал, пропаднат и пијан поет, убиец, ги има сите белези на досега успешната соработка на Кочовски со креативниот тим: железна сценографија (Филип Јовановски и Јулијана Војкова - Нојман, која е автор и на костимите), музиката изведувана во живо на "Фолтин", колективна актерска игра, сонгови, симболи и екс- југословенски шеги. Сето тоа спакувано во два часа и 15 минути, чини претстава која го подигнува адреналинот и не ја остава публиката рамнодушна. 

Играат Зоран Љутков, Ванчо Петрушевски, Маја Вељковиќ - Пановска, Ѓокица Лукаревски, Филип Трајковиќ, Јана Стојановска, Игор Ангелов, Марија Стефановска, Ева Скендеровска, Ѓорѓи Тодоровски, Катерина Шехтанска - Лакоски, Валдета Исмаили, Никола Ацески, Денис Абдула, Валентин Костадиновски и Жарко Димоски.

(Б.Н.)


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios