“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Премиера на „Лебедова песна“
(29 апр 2009)

Претставата „Лебедова песна“, работена по истоимената едночинка на Антон Павлович Чехов, во режија на Бранко Ставрев, вечерва (20 ч.) премиерно ќе биде изведена во Драмски театар. „Лебедова песна“ е љубовна приказна меѓу еден актер, чијашто кареиера е во залез, и театарска суфлерка. - Претставата е ода на театарот, љубовна приказна за луѓето во него - вели актерот Сенко Велино, кој ја игра главната улога во претставата. Чеховиот текст „Лебедова песна“ кај нас првпат се поставува во професионален театар. Големиот автор на светската драматургија е најпознат по пет таканаречени големи драми, но постојат уште десетина негови мали форми - драмолетки („Лебедова песна“, „Мечка“, „Јубилеј“...) кои не се поставуваат толку често, а чијашто изведба се смета за мајсторство на сцената. - Чехов сакаше да си поигра и да напише нешто за своја душа. Тоа благородно чувство се пренесе и на мене, а јас се обидов да им го пренесем на моите актери, за тие да ви го пренесат вам. Лебедова песна е омаж за актерот и за театарот - вели режисерот Ставрев. Музиката во претставата е на групата „Фолтин“, а костимите се на Елена Дончева.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Премиера на „Лебедова песна“ во Драмски театар
(28 апр 2009)

Премиерата на претстава на Бранко Ставрев „Лебедова песна“, работена според истоименото дело на Антон Павлович Чехов, ќе се одржи во среда во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје. Но, како што рече режисерот Ставрев на вчерашната прес-конференција, основата на оваа драма не се потпира само на „Лебедовата песна“ туку прави своевиден микс со инкорпорирање на уште една негова едночинка, насловена „Мечка“. Имено, тој за оваа претстава ги користел малите форми на Чехов, познати како драмолети, кои покрај неговите големи драми се исклучителни, подеднакво мајсторски дела.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Македонија и Александар меѓу сонот и јавето
(27 апр 2009)

Александар Великиот, Александар Војсководачот, Александар Македонецот што под нозете го згази речиси цел свет од Пела до Инд... распнатиот од човечка суета, Александар стрелата на нечии амбиции, Александар со желбата да се погоди Сонцето..., Александар, човекот оставен сам, со илјадници луѓе околу него, бојно поле за многумина... Александар Богот , плод на халуцинација, Александар болниот стигнат од чумата... Александар кој татковината ја замислуваше како еден свет, Кралот кој не беше имун на сомнежот и предавството што го гледаше, чувствуваше и примаше на себе... Александар во историјата, Александар без историја, но и тоа како сегашен...Се започнува со сонот и завршува во него, бестелесно лебдејќи како пркос на логиката на учителот, Македонецот од Грција, Аристотел...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 ПРАИЗВЕДБА НА „АЛЕКСАНДАР“ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР - Александар и манипулаторите
(15 апр 2009)
Провокација беше и самата најава дека Љубиша Георгиевски во Драмски театар во Скопје го режира својот текст „Александар“, со јасна асоцијација дека се работи за Александар Македонски. Дилеми: каде Георгиевски ќе удри со својот Александар? Ќе оди ли со пораки кон соседите? Ќе има ли во текстот тврд национализам?


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Александар Лилиќ е новиот лик во Македонија
(13 апр 2009)

Публиката, честитајќи му, го прекрсти Дејан кој се стопил во ликот на Александар Македонски, соз­да­ден од Георгиевски

Алек­сан­дар, браво, Александар, перфектно, Александар, алал да ти е, и слични чес­тит­ки до­би­ва­ше Дејан Лилиќ по премиерата на "Александар" - текст и режија на Љу­би­ша Георгивски, прексиноќа во Драмски театар. Публиката, честитајќи му, го прекрсти Дејан кој се стопил во ликот на Александар Македонски, соз­да­ден од Георгиевски. Тој во оваа актерска претстава со малку ми­зан­сцен, без режиски трикови, само со петмината актери на сцена, вле­ту­ва, како и целата екипа со целосна доверба да прават чист театар, ис­тур­кан во еден здив.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Инструментализација на митот
(13 апр 2009)
Рецензија „Александар“ во режија на Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје

Георгиевски нуди уште една зрела и чиста режија во која актерите се борци, а зборот е нивното најсилно оружје

Осамна уште еден авторски проект на режисерот Љубиша Георгиевски, овој пат на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Доследен во идејата дека сцената е место за обработка на големи и космички теми, тој во својот драмски текст се фаќа во костец со можеби најважниот двигател на македонскиот национален идентитет. Но, „Александар“ не е ни одблиску претстава што се фокусира на патриотизмот, ниту пак се пазари со историјата - тоа е претстава за инструментализација на митот, за човекот Александар, поделен, изманипулиран, искористен од своите современици, исто како што е поделен и искористен од своите наследници.
 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Александар Македонски како антихерој во Драмски
(09 апр 2009)
ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА НА ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ

                                                     


Претставата „Александар“ во режија на Љубиша Георгиевски премиерно ќе биде изведена в сабота, во Драмски театар, од 20 часот. Пиесата за големиот освојувач Георгиевски ја напиша пред шест години и, како што вели, претставата е уникатна поради тоа што Александар Македонски не се прикажува по историскиот шаблон по кој е суперхерој, туку е откриена неговата човечка страна. - Александар не само што плаче, се смее, тој има и траума - сомнеж дали тој е, навистина, тој или, пак, е некој друг. Ова е претстава за внатрешните дилеми на освојувачот на кои досега, во делата посветени на него, креаторите не обрнуваа големо внимание - вели Георгиевски.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios