“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Денот на театарот ќе почне со „Комедија“
(26 мар 2012)

Светскиот ден на театарот, 27 март, не можеше да се одбележи подобро отколку со отворање нов театар. Чест е за сите нас што сме дел од театарот „Комедија“.

Се надеваме дека ќе ги надминеме величините на славните комедии коишто со години се играле во Драмски, како што беше „Солунски патрдии“. Ќе растеме со секоја наредна претстава, ќе имаме добар репер по кој ќе се движиме, рече Јелена Жугиќ, директорка на театарот.

Првата претстава на националниот театар „Комедија“, „Ах, љубов моја (турска приказна)“, е по текст и режија на Коле Ангеловски. Ова не е прв театар што бил отворен со негова претстава, пред 21 година со негово дело беше отворен и Театарот за деца и младинци.

- Имам чест што со моја претстава ќе биде отворен театарот. Конечно ми се исполни желбата да се отвори театар за комедија, жанрот на кој го имам посветено животот. Текстот е парафраза на трендот на нашите телевизии, кои се полни со турски серии. Во сите нив клучна тема е љубовта. Пишувајќи го текстот бев многу под влијание на Фејдо, кој користи многу врати во сценографијата. Се радувам што работев со млади актери, а не со Дади, Мешко, Ванчо, со кои требало само да им го дадам текстот, оти со нив човек не може да режира – рече Ангеловски.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 НОВА ПРЕМИЕРА ВО ДРАМСКИ
(02 мар 2012)

Мртвиот дом сага за актерот и духовниот затвор 


 

Монодрамата "Мртвиот дом" со актерот Крсте Јовановски е првата премиера што во 2012 година ќе биде изведена во Драмскиот театар. Проектот е адаптација од записи од "Мртвиот дом" од Ф.М Достоевски што ја направи и ја режираше Ирена Стеријовска. Ова е прв професионален, институционален проект на оваа млада режисерка дипломирана пред две години на ЕСРА во класата на Дејан Пројковски. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Кога актерот ќе го загуби човекот во себе
(02 мар 2012)

В сабота во Драмски театар ќе се одржи премиерата на монодрамата „Мртвиот дом“ во режија на Ирена Стеријовска

Сунчица Уневска


„’Мртвиот дом‘ е длабока исповед на еден актер, кој некаде попатно заборава да биде човек. ’Мртвиот дом‘ е метафора за изгубените соништа и добиени бледи сенки, кои само потсетуваат на една личност. Дали она што сме не е само реална приказна на она што можеме да бидеме или потезите кои ги повлекуваме во животот се оние што го детерминираат нашиот потенцијал?“, вели младата режисерка Ирена Стеријовска, која стои зад новиот проект на Драмски театар, монодрамата „Мртвиот дом“. 


Оваа нова претстава, што ја носи актерот Крсте Јовановски, кој неодамна дојде од Струмичкиот театар во Театарот „Комедија“, ќе ја има својата премиера на 3 март (сабота) во 20 часот во Драмскиот театар. Станува збор за адаптација на познатото дело на Достоевски „Записи од мртвиот дом“ кое, како што вели Стеријовска, би можело да се пренесе на сите полиња, но во оваа поставка тие се занимаваат со тоа како обичниот човек кога е затворен го губи човечкото во себе. Она што е особено интересно и што носи предизвик е и играта со формата. Имено, пристапот кон оваа монодрама е сосем поинаков или според зборовите на режисерката, таа е толку искршена како форма што нејзината нарација не може да западне во некаква здодевност или монотонија. „Малата сцена може да биде голема доколку имате големи идеи“, додава таа. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Концерт на Жаклина Стевковска (кантавтор и актер)
(01 мар 2012)

На денот на љубовта и виното, споделете ја љубовната приказна на една актерка и пејачка, која со своите песни ќе ве однесе во нејзиниот свет, помеѓу сонот и јавето...

Со своите пријатели, музичари и актери.

 ...и кога ги пеам тие песни, во срцето те слушам како пееш..

...во срцето те слушам, како пееш!

 

Учесници:

Вокал и гитара – Жаклина Стевковска

Клавијатури – Дамир Имери, Контрабас - Оливер Јосифовски, Тапани – Гоце Стевковски

Драмски театар – 8.03.2012

Почеток 20.00 часот

Цена на билет – 250 денари

Резервации на телефон: 3063 453 | 3063 388 | 3065 325

e-mail: dramski@sonet.com.mk


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios