“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Промена на терминот за почеток на премиерата на претставата „БААЛ“
(29 мар 2011)

 

 

Почитувана публико, 

Ве известуваме дека премиерата на претставата „БААЛ“ која е закажана за 31 март, наместо во најавениот термин за почеток во 20.00 часот, ќе започне во 21.00 часот. Се надеваме ќе имате разбирање за оваа промена. 

Со почит, 

НУ Драмски театар - Скопје


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 РЕЦЕНЗИЈА „Крвта не е вода“, режија Сашо Миленковски, Драмски театар
(28 мар 2011)

Ведра вечер во театар

Театарската претстава носи со себе еден уникатен квалитет. Таа живее единствено во нејзиното сценско време, единствено во моментот на нејзиното „примопредавање“ од уметниците до публиката. Затоа нема ништо чудно во фактот што еден медиум решава да го прослави сопствениот роденден подарувајќи (не примајќи) театарска претстава. Напротив. Директната комуникација со консументот, непосредната размена на енергии, се чини како единствено логично решение.

Како што весникот му се обраќа на секојдневниот, обичен читател, така и претставата допира до секојдневниот и обичен гледач. Текстот на претставата „Крвта не е вода“ е дело на главниот и одговорен уредник на „Дневник“, Сашо Кокаланов, и е еден вид пресек на македонското живеење во изминативе 15 години, кои се поклопуваат со постоењето на весникот.



Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕАТАРОТ
(27 мар 2011)

27-ми март 2011

Македонска порака

АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ

Режисер од Скопје, Република Македонија

 

ДУХОТ НА СЛОБОДАТА

To dream the impossible dream
To fight the unbeatable foe
To bear with unbearable sorrow
To run where the brave dare not go

To right the unrightable wrong
To love pure and chaste from afar
To try when your arms are too weary
To reach the unreachable star

*IMPOSSIBLE DREAM From Musical "Man Of La Mancha"


 

Не знам... не сум сигурен дека знам каков би требал да биде театарот. Немам рецепт кој би го поделил со сите. Мислам дека секој од нас одлучува за сопствениот театар. Јас можам да раскажувам за мојот театар. Го нарекувам театар на слободен пад.

 

Тој е слободна територија, ослободена од законите на гравитација и законите на општеството. Од секогаш сум верувал дека да се занимаваш со театар е прашање на живот или смрт. На судбина. На нешто многу големо, нешто многу поголемо и посилно од мене и од нас. Нешто за што вреди да се живее. Не знам да го работам ако не е толку големо. Не знам зошто да го работам ако не е потребно да се поместат планини, да се препливаат мориња, де се соочиме со ламја со седум глави и да се освои срцето на принцезата заробена во кулата. Да се докаже вистина, да се исмее глупоста, да се разбуди мечтата. Да се пушти солза и да се насмее толпата. Да се лачат течности кои телото не ги произведува во секојдневието, а толку многу му се допаѓаат. Зошто му се допаѓаат? Науката сеуште нема одговор на тоа прашање. Затоа што театарот не може да се објасни, тој мора да се доживее.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 ТЕАТАРОТ ВО СЛУЖБА НА ЧОВЕШТВОТО - Џесика А. Кава драмски автор, режисер, актер и теоретичар, активен хуманист од Уганда
(27 мар 2011)

Денешните собирања се вистински одраз на огромниот потенцијал на театарот да го мобилизира општеството и да го надмине она што нè разделува.

Дали некогаш сте помислиле дека театарот може да биде моќно оружје за мир и за помирување на луѓето? Во време кога нациите трошат големи финансиски средства за мировни мисии во конфликтни подрачја ширум светот, малку внимание му се посветува на театарот како на алтернативна можност за влијание врз конфликтите. Како жителите на мајката Земја можат да воспостават универзален мир кога средствата што се употребуваат доаѓаат од репресивните сили?

Театарот на суптилен начин ја обзема човечката душа, притисната од страв и сомнежи. Тој ја менува сликата за нас и на поединецот му отвора еден алтернативен свет, а со тоа и на самото општество. Тој може да му даде смисла на нашиот секојдневен живот, да ја предвиди несигурната иднина. Тој може да се вклучи во политички теми на едноставен и директен начин. Театарот е сеопфатен и претставува едно искуство кое може да ги смени предрасудите.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Прославен јубилејот на „Дневник“
(22 мар 2011)

Со премиерата на претставата „Крвта не е вода“ на Сашо Кокаланов, во режија на Сашо Миленковски, која беше изведена два пати во текот на викендот во Драмски театар во Скопје, беше одбележана 15-годишнината на дневниот весник „Дневник“. Главниот и одговорен уредник на „Дневник“, Кокаланов, го става фокусот во претставата на новинарската професија, која беше главна тема и на мјузиклот што и' претходеше на главната прослава на оваа издавачка куќа одржана во неделата во Драмски театар. Новинарството, неговата суштина и искушенија, новинарството некогаш и денес. 

Претставата во која играат Ванчо Петрушевски, Билјана Беличанец-Алексиќ, Игор Стојчевски, Сашо Коцев и Горазд Цветковски во саботата беше изведена претпремиерно пред пријателите на „Дневник“. Додека во неделата, во присуство на политички и дипломатски претставници, како и повеќе јавни личности, но, сепак, во полупразна сала, беше одржана централната прослава. Драган Спасов-Дац, во придружба на Александар Митевски на пијано, зборуваше за тоа како било во новинарството порано, а како е денес. За подоцна на сцената да му се придружат Мирјана Станојковска и група танчари, кои алудирајќи на „Сиот тој џез“ играа и пееја „Ах тој прес“. „Животот на новинарите е кабаре. Денес не е важен стаж, туку тираж“, беа само дел од цитатите.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 “Дневник“ го избра Дејан Лилиќ за Aктер на годината
(18 мар 2011)

Актерот Дејан Лилиќ ја доби наградата „Актер на годината“ што ја доделува весникот„Дневник“. Наградата му се доделува за фасцинантната улога на Хамлет во претставата „Хамлет“ во режија на Дејан Пројкоски, на Драмски театар. Во конкуренција за наградата се актерите кои во минатата година играле во премиерни претстави поставени од професионални театри во земјава. 

Во образложението за наградата на жирито: Лилјана Грџо Дамовска, претседател и членовите Сребра Ѓорѓијевска, новинарка и Александра Бошковска, театарски критичар стои: „Нема актер на светот кој не би сакал еднаш во животот да го одигра најпознатиот сценски лик од театарската историја - Хамлет, несреќниот дански принц. Речиси со сигурност се знае дека Шекспир го пишува за својот најдраг актер Ричард Барбиџ, а низ изминативе четири века го отелотворуваат плејада најзначајни актери - Дејвид Герик, Сара Бернар, Џон Гилгуд, Лоренс Оливие, Питер О’Тул, Ричард Бартон, Ралф Фајнс, Вилијам Харт, Кристофер Вокен, Даниел Деј Луис и Џуд Ло. Текстот е сочен и повеќеслоен, а ликот е сложен и оптоварен со сомневање и сериозна намера - преку одмазда да се исправи неправдата.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Кога и од смртта се прави филм
(17 мар 2011)

Таква приказна со филмски расплет, со доза на (само)иронија врз судбината на телесно неподвижните, но умствени летачи, наспроти грозниот и цврст прагматизам на ништото на денешницата имаме во сторијата "Олово на перница" на Венко Андоновски 

Да се биде антихерој, злочинец - убиец, кој свесно се повредува и ги повредува другите околу себе, а притоа од смртта да направиш хепиенд е секако, основа за филмско сценарио. Таква приказна со филмски расплет, со доза на иронија врз судбината на хендикепираните, но умствени летачи, наспроти грозниот и цврст прагматизам на ништото на денешницата - "бизнисменството", имаме во сторијата "Олово на перница" од Венко Андоновски. Ваквото интересно писмо се движи помеѓу желбата и растројството, сонот и грдото јаве, во една мемлива старечка болница...

Сликата - сцена е прекршена низ вербалниот изблик на емоцијата, поткрепена со сонот... Но Андоновски не би бил тој што е, доколку во сета оваа атамосфера не би придодал и гротескни ликови, кои ја прекршуваат мемливата слика и создаваат хумор кој напати застанува в грло...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Овации за претставата „Олово на перница“
(16 мар 2011)

Во Драмскиот театар завчеравечер, во присуство на многубројни претставници на политичкиот и на културниот живот на земјава, премиерно беше изведена претставата „Олово на перница“, работена по текст на Венко Андоновски, во режија на младиот Димче Николовски. Авторот Венко Андоновски му ја посветува оваа пиеса на својот пријател, режисерот Димитар Станкоски. „Олово на перница“ е камерна претстава во која улогите ги толкуваат четворицата актери: Бранко Ѓорчев (Кобра), Јелена Жугиќ (Госпоѓа Лу), Игор Стојчевски (Црвче) и Драгана Костадиновска (Госпоѓица Лу).

Двајца неподвижни луѓе почнуваат војна без никаква причина. Претставата зборува за позицијата на апсурдот, таа е, како што вели авторот на текстот Андоновски, етида на анатомијата на лошото кај човекот. Едниот лик е уметник, кој, според некои стереотипи, неправедно е сиромав, додека другиот лик е бизнисмен, кој повторно според стереотипите, неправедно е збогатен...

Претставата беше поздравена со голем аплауз, особено поради инспиративниот текст на Венко Андоновски. (Н.П.)

 

Превземено од „Утрински весник“ од 16.03.2011


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Гостување на Мал Драмски Театар - Битола
(14 мар 2011)

Почитувана публико, 

Ви известуваме дека на 21 март (понеделник), со почеток во 22.00 часот, на малата сцена на Драмскиот театар - Скопје ќе гостува претставата на Мал Драмски Театар - Битола, „Столови“ од Ежен Јонеско, во режија на Љупчо Георгиевски. Главната улога во оваа исклучитлена монодрама ја толкува актерката Јоана Поповска. Билетите се во продажба на билетарата на Драмски театар - Скопје.  


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 ВО ДРАМСКИ, ПРЕМИЕРА НА "ОЛОВО НА ПЕРНИЦА" Претстава создадена по аманет од режисерот Станкоски
(11 мар 2011)

 

Темата е за двајца луѓе кои буквално почнуваат војна без никаква причина. Ме интересираше зошто некој некому му прави зло, кога воопшто не го познава. Ова е есеј за злото, за лошото кај човекот 


Март е месец на премиери во Драмски театар, а во наредните дваесетина дена таму ќе видиме дури три нови дела. Претпремиерата на првата претстава - "Олово на перница", според текст на Венко Андоновски, а во режија на Димче Николовски, ќе се случи во сабота (20 ч.). Авторот Андоновски вчера ни објасни дека претставата ја напишал по аманет од негов пријател.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios