„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 „Александар“ оди во Австралија
(17 фев 2010)

Од 22 Март до 7 Април Драмски театар заминува на турнеја низ Австралија со претставата „Александар“, во режија на Љубиша Георгиевски, најави деиректорот на Драмски Бранко Ѓорчев, поради тоа и ќе се одолжи работата на „Хамлет“, бидејќи дел од актерите играат и во „Александар“. Ќе играат во Перт, Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг и Канбера.

 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Кочовски, Миленковски, Александров и Бузалковска со режии во Драмски
(17 фев 2010)

Покрај „Хамлет“ и „Ангели во Америка“, чија премиера беше на крајот на минатата година, во Драмски годинава ќе се работат и: „Баал“ од Брехт, во реѓија на Мартин Кочовски, „2012 – Последните Македонци“ на режисерот Сашо Миленковски, и двете копродукции; „Олово на мека перница“ според текстот на Венко Андоновски, кој ќе го работи Владлен Александров од Бугарија, и со Мал Драмски театар „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски, во режија на Зоја Бузалковска.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 „Хамлет“ за јубилејното Охридско лето Во Драмски театар се подготвува нова претстава во режија на Дејан Пројковски
(17 фев 2010)

Хамлет од 70-тите години на минатиот век – Мето Јовановски, Хамлет од 90-тите години – Ѓорѓи Јолевски и Хамлет на денешнината – Дејан Лилиќ беа дел од екипата на вчерашниот прес во Драмски театар, свикан за да го означи почетокот на работата за новата претстава „Хамлет“ од Шекспир во режија на Дејан Пројковски.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Новиот Хамлет како денешниот човек
(17 фев 2010)

Нашето прашање во претставата е да се биде или да се биде, а темите и дилемите на Хамлет се во согласност со денешниот човек, вели режисерот Пројковски

„Да се биде или да се биде“ како единствен можен избор на поединецот е прашањето што ќе го постави новата поставка на текстот „Хамлет“ на Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски, во Драмскиот театар во Скопје. Темите и дилемите на Хамлет преку стиховите на Шекспир во препев на Богомил Ѓузел и во изведба на дваесетина актери, публиката ќе може премиерно да ги види на 50-тото издание на фестивалот Охридско лето. Во следната сезона ќе се најде на репертоарот на театарот. Музиката е на Горан Трајковски, сценографијата на Владо Ѓорески, а костимите на Благој Мицевски.

Според Пројковски, светските театри повторно се враќаат кон класиците, а „Хамлет“ е еден од тестаментите што треба да се остават како доказ за понатаму.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Слободан Деспотовски со режија во Драмски
(16 фев 2010)

Ова е трета театарска режија на поранешниот заменик-министер за култура, по две во Белгија со полупрофесионален театар, и една пред 20 години со Штипскиот театар

Вечерва во Драмски театар се игра претставата "Стари пријатели", по текст и во режија на Слободан Деспотовски. Премиерата поминала на крајот од летово, не многу гласно, како што ни рече режисерот, оти била целата откупена. Потоа се играла уште неколкупати низ Македонија. Проектот е копродукција меѓу Драмски и Министерството за култура, и не беше во програмата за минатата година, но околностите оделе во прилог на овој проект, ни рече Деспотовски.
Ова не била прва театарска режија на филмскиот режисер Деспотовски, кој вели дека има поставено 2 претстави во Белгија каде што живееше, со полупрофесионален ансамбл, и една со Штипскиот театар пред 20-ина години - "Лет во место", кога гости му биле Кирил Ристоски и Данчо Чеврески. Претстава која тогаш била на "Војдан Чернодрински".


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Се' на место
(04 фев 2010)
Почна новата театарска сезона. На самиот почеток праизведба на македонски текст во Драмски театар. Свежото и игриво драмско писмо на (пред се') актерот Сашо Тасевски, ја доби својата сценска верификација преку постановката на „Интермецо“, една од петте драми објавени во збирката со скокотливо име „Шмизла“.

Текстот е дуо-драма, кој преку лесно водена драмска ситуација опфаќа една состојба на голо преживување на духот, живуркање во празна надеж дека нешто од корен ќе се смени утре, во иднина, некогаш - живот како интермецо меѓу два живота. Напишан во жив и динамичен дијалог, непретенциозен во изразот и универзално актуелен „Интермецо“ е вистинска провокација за поставување и за гледање.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios