“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 
(27 дек 2012)


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 „Македонска крвава свадба“, режија Сташа Зуровац
(21 дек 2012)

Ако е македонско, не е нужно да е крваво

Со сигурност тврдам дека влезната реченица во пишувањето е најтешка, но с` е многу поедноставно кога влегувајќи во салата на театарот и пресретнувајќи ја сцената, ќе ве облее широка насмевка. Се смешкате задоволно заради тоа што на очекуваното место за седнување ви се испречува дел од сценографијата, чувство како кога во цукер-торта ќе наидете на џемот од кајсија. Изненадувачки слатко задоволство. Феноменалната сценографија карактеристична за Валентин Светозарев кој веќе има снажен белег на препознавање со својата вештина да создава ремек-дела на сцената, никого не остава рамнодушен, ако не повеќе, барем го зачудува!

Новопоставената „Македонска крвава свадба“ не е претстава што дозволува да ја гледате линеарно, во една единствена насока, напред кон вообичаената сцена, вие сте дел од таа сцена, сцената е меѓу вас, во вашите редови, а играта е насекаде околу. Вака изведената сценографија, инфилтрирана меѓу самите гледачи, во која актерите минуваат помеѓу нив, дозволува многу подобра симбиоза меѓу актерот и гледачот и го засилува интензитетот на доживеаното. Особено, откако ќе ја слушнете музиката создадена од Марјан Неќак, македонскиот Дејвид Холмс, задоволството со сигурност се удвојува. Станува збор за толку суптилна, умешно изработена музичка илустрација, толку соодветна на вербалниот дел од претставата, која точно го следи секое движење креирано од кореографот и режисер Сташа Зуровац. 

Најпријатно изненадување во овој мјузикл е способноста на Зуровац толку умешно да ги координира движењата на повеќе од дваесет актери, што е фатално тешка задача. Ова докажува дека со успешен кореограф, секој може да биде танчар. Не, не беше ова омаловажување на физичката способност на актерите, само еден поен плус за нивната синхронизација во движењето и гласовите. Главниот лик Спасе, (Жарко Димоски) ги потврди музичките таленти што ги поседува. Другите двајца главни протагонисти се: Јана Стојановска (Цвета) и Игор Ангелов (Осман-бег). Правилно интонираната гласовна изведба на, речиси, целата актерска екипа ја први претставата многу комплексно и сериозно сработено сценско остварување. Овој мјузикл, меѓу другото, успеа да ги обедини различните генерации актери, а нивната соработка вроди во едно навистина успешно дело.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Визуелно интересна музичка драма
(19 дек 2012)

Претставата „Македонска крвава свадба“ на Сташа Зуровац носи интересни визуелни решенија, но не и содржински

Сунчица Уневска


Антологиската драма „Македонска крвава свадба“ ја доби и својата музичка форма. Во неделата во Драмски театар оваа претстава, во која се вклучени 39 актери и која сега е поставена како музичко-сценски спектакл, ја доживеа својата премиера. Новата постановка, која буквално влегува меѓу публиката, претворајќи ја во активен учесник во неа, донесе една свежина и модернистички пристап, кој е фасцинантен визуелно и музички, иако не толку и содржински. Па, сепак, претставата носи навистина единствено визуелно доживување и со играта со светлата, различните стилови, па дури и вметнувањето кукли во еден момент, што успева да се наметне, пред се', како едно емотивно истражување надвор од просторните и физички граници.
Необично е што оваа битова македонска драма ја режираше гостинот од Хрватска, Сташа Зуровац, кој се потпишува како режисер и кореограф. И тоа се чувствува, но, пред се', поради стравот за експеримент во поглед на содржинскиот дел. Не дека претставата не е интересна, напротив. Визуелно таа изгледа интересно, полетно, импресивно. Но, во поглед на содржинскиот дел, Зуровац доста се придржувал кон филмското сценарио на Славко Јаневски, па трудејќи се да задржи некои базични елементи, некако ја губи целината. Во неа има фрагменти кои се идентични со филмот, се разбира, за оние што ги знаат, но во целината тие не успеваат да ја исцртаат приказната, па содржински претставата останува недооформена.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Мјузикл од Крвава Свадба
(18 дек 2012)

Скептиците реагираа како би можел и како би се снашол режисер од странство да работи битова драма во Македонија.

Но би го промениле ставот ако ја погледнат „Македонска крвава свадба“ од хрватскиот режисер и кореограф Сташа Зуровац, која премиера имаше прексиноќа во Драмски театар.

За поздравување е новиот проект, според филмското сценарио на Славко Јаневски и драмскиот текст на Војдан Чернодрински. Од екипата се бараат голема одговорност, уметничка креативност и познавање на материјата, за да се добие потребната дистанца, неоптовареност со дневнополитички прашања за идентитетот, патриотизмот или за името. Добиваме дело кое е одраз на македонската историја, а е кратко, прецизно, стегнато и естетски убаво. И разбравме што сакал авторот да каже.

Тандемот Зуровац – композиторот Марјан Неќак, кои работеа успешни театарски и балетски претстави низ Хрватска, го освежија Драмски со мјузикл со нетипична верзија на „Свадбата ...“. Неќак користел народни песни и поезија од Кочо Рацин и од Петре М. Андреевски, но ја слушнавме и „Роксен“ од Стинг.

Околу час и половина играат и пеат повеќе од 20 актери од сите генерации на Драмски и 11 ученици и студенти од отсеците за традиционална игра и етнокореологија.

На моменти звучи како опера, но е обременета со етно. Драмски доби претстават за сите генерации, на која и се предвидува долг репертоарски живот.

(Б.Н.)

Преземено од  „Вест“ од 18.12.2012v


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Детска новогодишна претстава „Дедо Мраз во земјата на пингвините“ во Драмскиот театар
(14 дек 2012)

На 27.12.2012 (четврток), на големата сцена во Драмскиот театар – Скопје ќе се одигра детска новогодишна претстава „Дедо Мраз во земјата на пингвините“

Во комичен  мизансцен и прекрасни сонгови учествуваат актерите:

Кралицата зима – Душица Стојановска

Пингвинот Пинги - Иван Манасковски

Пинвинот Панга - Викторија Анѓушева

Гавранот - Саша Нацевски

Дедо Мраз - Михајло Настовски

 

Во земјата на пингвините живеат Пинги и Панга, брат и сестра пингвинчиња. Барајќи го Дедо Мраз, тие се соочуваат со Гавранот кој се изгубил и долетал од многу далеку и, бидејќи е самобендисан и надуен, сака сите да ги претвори во чавки. Гавранот ќе ја фати Панга, но Пинги ќе се спаси и ќе успее да избега. Бегајќи, Пинги ќе се сретне со Кралицата Зима која ќе му помогне да ја спаси сестра му. Но, Кралицата Зима всушност има друг план кој воопшто не им се допаѓа на пингвинчињата. Таа сака да го замрзне Дедо Мраз. Обидувајќи се да ја спречат во нејзината намера, Пинги и Панга ќе го побараат Дедо Мраз и ќе го известат за лошиот план на Кралицата. Бидејќи таа ним ништо не им може, тие смислуваат план како да му помогнат на Дедо Мраз и да го спасат. Каков е планот и дали ќе се оствари, ќе дознаете во претставата.

Претставата е едукативна и интерактивна.... !!!!!

Претставите почнуваат во 18.00 и 19.30 часот

Редовна цена на билет – 280,00 денари

Цена со попуст – 140,00 денари


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios