„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Бранко Ѓорчев ја доби наградата „Св.Климент Охридски“ за 2012 година
(29 ное 2012)

Бранко Ѓорчев, актер во Драмски театар - Скопје,  е добитник на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2012 година од областа на културата. Државната награда „Св.Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1987 год. Ѓорчев веднаш се вработува во Драмскиот театар во Скопје кој останува негова матична сцена до денеска, што ќе рече веќе 25 години тој го дава својот придонес  вградувајќи се себе си во македонското театарско дело. Неговата актерска актива ја чинат повеќе десетици ролји како на театарската сцена така и во другите медиуми  како што се филмот, радиото и телевизијата.   

Неговиот интерес за театарската уметност влече корени уште од неговото детство што и не е невообичаено ако се знае дека тој потекнува од семејество во кое се изнедрува еден од најпознатите бардови или доајени на македонското глумиште, имено неговиот татко Ацо Ѓорчев. Симболично или не, сепак ќе остане забележано дека неговиот прв професионален ангажман го има заедно со неговиот татко, можеби како остварување на детстките мечти! Станува збор за неговата ролја во претставата „Смртта на Дантон“ од Бихнер во режија на Петар Вечек. И кога сме веќе тука, да споменеме дека дваесетина години подоцна тој одново ќе се најде на задача да игра во истото дело (овој пат ролјата на еден од водачите на француската револуција, Робеспијер), но во продукција на Народниот театар А.Панов од Струмица. (2005). Ист е случајот и со улогата на Кралот Клавдиј во „Хамлет“ од Буњуел на Дубровничките летни игри во 1985 год. (значи кога тој уште е студент на ФДУ) и 2010 кога истата ролја ја толкува овој пат според Хамлет на Шекспир во продукција на Драмскиот театар. Ова само да послужи како показател за природата на актерската професија и творештво, односно за искуствениот процес низ кој созрева актерскиот персоналитет. И додека за неговата дебитантска ролја ќе остане забележано, дека тој уште на самиот почеток манифестира сигурност во креацијата и допадливост во играта, (И.Ивановски), дотогаш во вториот случај веќе се соочуваме со зрел актер кој суверено владее со сцената и со тајните на актерското мајсторство подготвен  и за најсложените сценски задачи.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 РЕЦЕНЗИЈА: „ВРТЕЛЕШКА“, ГРУПА РЕЖИСЕРИ, ДРАМСКИ ТЕАТАР - Kопнеж по среќата на другите
(26 ное 2012)

„Вртелешка“, по текстот на Артур Шницлер, а во режија на петмина млади режисери (Андреј Цветановски, Ирена Стеријовска, Иван Манасков, Хана Миленковска, Теа Беговска), е ново провокативно театарско дело што транспарентно ги предочува човечките слабости, пред с`, биолошките нагони и инстинкти – бескомпромисно да се биде сплотен со друго човечко тело. Дејството се случува некаде пред Првата светска војна кога бесмислата на постоењето станува доминантно чувство кај луѓето што ги искусиле или воопшто биле сведоци на војните како ужас. Можеби оттука и развратот, блудот и грубоста им ги земаат местата на љубовта и на нежноста. Сценографијата – детскиот забавен парк, која не се менува до крајот на претставата и каде што без исклучок се сместени сите дејства, ја игра токму улогата на контрапункт: ги прикажува наивноста наспроти препреденоста, невиноста наспроти развратноста. Метафоричноста на името „Вртелешка“ го симболизира кругот во кој се вплеткани и заробени сите протагонисти, секој одделно, омеѓен во сопствените дилеми, превирања, несигурности и секој со својот објект на копнежот и страста.


Едно дејство ги поврзува сите ликови во претставата - обидот да му се додворат и да му се допаднат, да го присвојат и да го поседуваат другиот. Објект, а не субјект, иако се работи за лица, а не за предмети бидејќи сите ликови во претставата меѓусебно се третираат како објекти кои треба некому да му припаднат. Во една од сцените се пројавува гласот на искрената потрага по љубов: „Животот е толку краток. Среќа е да најдеш некој што навистина ќе те сака”. Тоа е максимата на претставата – секој во потрага по вистинска среќа во љубовта, а наспрема тоа, соочен само со ефемерни неопстојувачки страсти. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Почина актерот Владимир Анегловски - Дади (1946 - 2012)
(16 ное 2012)

Сите оние кој го познаваа, длабоко ќе се поклонат пред неговото севкупно уметничко наследство кое ни го остава како завет. Владимир Ангеловски - Дади, нашиот Дади, почина оставајќи голема трага зад себе. Загубата е голема кога човек што оставил длабоки корени во творечката историја на државата не е повеќе со нас. А сите оние кој го познаваа вечно ќе ја паметат неговата срдечност, комуникативност, духовитист и спонтана дружељубивост. А најповеќе неговата насмевка и неговиот природен талент кој секогаш неизмерно го покажуваше и несебично и го подаруваше на публиката која секогаш го наградуваше со долги и искрени аплаузи. 

Драмскиот театар беше негова матична куќа. На големата сцена Дади одигра бројни улоги, а највпечатливи секако беа оние во претставите „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Рибарски караници“, „Собирен центар“, „Бегалка“, „Сон на летната ноќ“, „Ноќ спроти Водици“, „Дунек“, „Лет во место“, „Бура“, „Ладало“ и многу, многу други. Својата актерска кариера Дади ја почна во радиодрамата, по што следуваа многубројни филмски и театарски улоги. Одигра голем број ролји и во детски серии и драми, а сними и неколку филмови. Низ кариерата често соработуваше со својот брат Kоле Ангеловски, кој на нашата јавност и е познат како режисер и актер.

Со длабоко жалење ја примивме веста за неговата смрт.... По тој повод утре, 17 ноември (сабота), со почеток во 10.30 часот, во Драмкиот театар - Скопје ќе се одржи комеморативна седница. Погребот ќе се одржи од 12 до 14 часот на градските гробишта во Бутел. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Театарски осврт - Енергична Вртелешка на суетата. Кон Вртелешка од Артур Шницлер, продукција ДТС, режисерски труд на пет млади автори
(13 ное 2012)

Кога Вртелешката на суетата преку страста и себељубието ќе го експонира понижувањето и хипокризијата, тогаш имаме еден своевиден панаѓур во кој во име на Љубовта речиси и да не се љубиме, да не се погледнуваме, а понекогаш ја допираме и Смртта... Така, Артур Шницлер ја замислил и напишал својата Вртелешка, која овојпат заврте на Нушиќева или во Драмскиот театар.

"Виновници" покрај театарот во Карпош се уште и петмина млади, енергични, режиски професионалци, штотуку верифицирани и излезени од пазувите на академијата ЕСРА.

И кога тие пет млади енергии - Иван Манасковски, Теа Беговска, Хана Миленковска, Андреј Цветановски и Ирена Стеријовска, решиле да ги постават своите сништа, но и знаења на штиците што живот значат за нив, но и за нас, докажаа дека тоа што го научиле знаат и да го применат. Иако секој од нив режираше по две сцени од вкупно десетте, ракописите не се издвојуваа, енергиите не се одбиваа, туку напротив со една енергетска кохезија создадена е и тоа како добра компактна целина. Се разбира, ракописите си имаа секој засебно свои предзнаци, знаци и назнаки, во сооднос со индивидуализмот, но и актерската енергија. Значи, безмалку Иван, Теа, Хана, Андреј и Ирена "го положија испитот на зрелоста", но единствена замерка е "пресликувањето" на мизансценот, виден низ "шахот" на сценските пунктови - тоа би значело дека сите без исклучок секогаш (и кога треба и кога не треба) ги користат сите пунктови, што не е нужно, особено ако се има предвид дека на сцената имаше простор и за слободен мизансценски израз. Но, оваа замерка не значи дека се руши концептот и душата на претставата, напротив, токму тоа е потврда на она погоре реченото - доказ за "испечениот занает".

Нормално, режисерскиот израз на овие пет млади режиски имиња, не би бил потполн и целосен без одличната актерска екипа без исклучок составена од Драгана Левенска (Проститутката), Зоран Љутков (Војникот), Трајанка Илиева Таци (Собарката), Филип Трајковиќ (Младиот Господар), Маја Вељковиќ Пановска (Младата Сопруга), Рубенс Муратовски (Сопругот), Кристина Ласовска (Слатката Девојка), Игор Ангелов (Поетот), Билјана Беличанец Алексиќ (Актерката) и Игор Стојчевски (Грофот).

Тука беа и непреполната, но функционална сцена на Владо Ѓоревски - Рафик, музиката на Горан Трајковски и менторството на Дејан Пројковски. Тие сите заедно "фрагментите" на Шницлер ги претворија во гледливо театарско четиво.

Борче ГРОЗДАНОВ

Превземено од „Вечер“ од 13 ноември, 2012


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios