“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Гостување на Градско Казалиште „Жар птица“ од Загреб во НУ Драмски театар - Скопје
(24 ное 2011)

Во рамките на меѓународната дејност на Драмскиот театар, на 30 ноември, 2011 година, со почеток во 21.00 часот, на големата сцена ќе се одржи претставата „Дива“ во продукција на Градско Казалиште „Жар птица“ од Загреб, Хрватска. Претставата, чии автор е Маријана Нола, а режијата на Желимир Месарић, обработува интересна тематика со длабоко разработена драматургија. 

Гостувањето е реализирано како производ на успешна соработка помеѓу НУ Драмски театар - Скопје и Градско Казалиште „Жар птица“ од Загреб, Хрватска. 

Билетите се достапни за продажба на билетарата на Драмскиот театар. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Солистички концерт на Драган Даутовски
(10 ное 2011)


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 За пепелта на заборавот, стравот, гордоста...
(07 ное 2011)

Приказна за наук дека не секогаш Големите се навистина големи... 


Вечната борба, споеност и причинско-последичниот однос помеѓу жртвата и џелатот никогаш и никаде не може во целост да се сопре, дури ни под пепелта на заборавот... Времето како исушено дрво, изветвена мечта, бледо сеќавање е вечен сведок на тој однос... Маката на жртвата секундата пред смрт се претвора во ништо, бидејќи токму таа, жртвата, го има најголемиот адут заборавот, во кој неминовно тоне и џелатот...

Колку и тој да биде крал, колку и тој да биде моќен, колку и тој да биде крвник...

Трагите на злосторот се во умот, не се покриваат физички, а не се забораваат ментално...  

 

За ова ни беседи, раскажува и ни посочува авторот Љубиша Георгиевски, кој режисерската палка одлично ја заменува со драматуршкото перо при случајот "Геноцид 21" и ни доречува дека никогаш, ама баш никогаш цивилизацијата со човечен предзнак не може да се сотре... Впрочем затоа говори и неговото мото за овој текст: "Посветено на сите наши мајки кои секогаш успеваа да родат едно чедо повеќе, отколку што душманот успеваше да потомори..."


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 „Хамлет“ повторно се враќа дома со награди!
(07 ное 2011)

Со една од најдобрите продукции од својот долгогодишен репертоар, веќе култната претстава „Хамлет“ од В. Шекспир, во режија на Дејан Пројковски, Драмскиот театар – Скопје, продолжува да добива награди на врвните реномирани интернационални театарски фестивали во регионот. Овој пат, на 6 ноември на сцената на Народно Позориште – Ниш, претставата „Хамлет“ учествуваше на биеналниот меѓународен театарски фестивал „ГлумБал“ во Ниш, Р. Србија.  „Хамлет“ повторно доживеа овации и долготрајни аплаузи од публиката во преполната сала. Да биде успехот уште поголем, актерот Дејан Лилиќ, кој ја толкува улогата на Хамлет, ја доби единствената златна награда на фестивалот, наградата „ГлумБал“ за најдобро актерско остварување. Своја прва меѓународна награда доби и младата актерка Викторија Степановска која, за улогата на Офелија, се закити со наградата за најдобар Млад Актер. За успехот на претставата сведочеше и посетеноста на организираната тркалезна маса посветена на претставата „Хамлет“, настан кој бил посетен од повеќе од 150 учесници, театролози, критичари, актери и други театарски дејци.

 

За оваа сезона, планирани се уште неколку гостувања на „Хамлет“ на  престижни европски театарски фестивали. На репертоарот на Драмскиот театар претставата се враќа во Декември. 


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios