„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Овации за „Хамлет“ во Софија
(06 ное 2010)

 

По големиот успех во Англија претставата „Хамлет“ на Драмскиот театар беше одлично прифатена од публиката во Софија, пренесува дописникот од Софија на агенцијата „Ефакт“. Драмскиот театар гостуваше во престижниот Театар на армијата во бугарскиот главен град, а од таму замина за Пазарџик, каде што вчера учествуваше и на фестивалот „Есенски театарски средби“.
„Публиката во Софија го дочека крајот на претставата со огромно ракоплескање. Гостувањето во Бугарија беше проследено и од многу реномирани театарски критичари, актери и режисери“, пренесува „Ефакт“.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Наградата „Петре Прличко“ за Мето Јовановски
(06 ное 2010)
Актерот и режисер Мето Јовановски е добитник на наградата „Петре Прличко“, која му се доделува за неговото четиридецениско творештво и блескава кариера, која го вбројува во еден од водечките драмски уметници, не само во земјава туку и во поширокиот балкански регион.
Одлуката ја донесе жирито во состав: Јордан Витанов, Васил Зафирчев и Виолета Џолева.
- Јовановски е драмски уметник со исклучителен талент и сензибилитет со необично богата и еруптивна актерска природа и вонсериско актерско присуство. Тој е сестрано креативна личност, која се изразува во сите домени на театарско творештв, со изграден и дефиниран творечки профил. Неговата игра секогаш има некоја посебна тежина и длабочина, а секое негово острварување е синоним на голем занает и исклучителен талент - рече Зафирчев.
Актерот Јовановски истакна дека е почестен од наградата именувана по Прличко, од кого, како што рече, актерот треба да учи за својата професија.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios