“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 IN MEMORIAM - Владо Цветановски (1959 – 2012)
(24 окт 2012)

„Си замина еден од ретките човечни, драги, искрени луѓе во еснафот... Професоре, пријателе .. почивај во мир... “

Владо Цветановски е роден во 1959 година. Дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад на отсекот за интермедијална режија, во класата на професор Боро Драшковиќ. Има реализирано околу педесет претстави во македонските театри и на просторите на поранешна Југославија, за кои освоил значајни награди. Добитник е и на наградите Млад борец, вонредна Стеријна награда за претставата во целина, пет награди за најдобра претстава во целина на МТФ „Војдан Чернодрински“, четири награди за најдобра режија на истиот фестивал.

Драмскиот театар ја имаше честа да соработува со Цветановски на исклучителни и антологиски театарски дела. Неговите претстави ги сакаа и актерите и публиката, но и сите лица вклучени во процесот на создавање. Тој го вгради својот дух во неговите дела, а тие вечно ќе живеат....

Во чест на овој истакнат и голем во душата режисер, во петок, 26 октомври, на големата сцена на НУ Драмски театар – Скопје вонредно ќе се одигра неговото последно режисерско дело, поставено токму во овој театар, претставата „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“.. Влезот ќе биде слободен.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 РЕЦЕНЗИЈА: „АРХЕЛАОС ИЛИ ЕВРИПИД СЕ ВРАЌА НА БАЛКАНОТ“, РЕЖИЈА ВЛАДО ЦВЕТАНОВСКИ, ДРАМСКИ ТЕАТАР Еврипид во потрага по современа Ифигенија
(22 окт 2012)

По долго време, на македонската театарска сцена во Драмски театар беше претставена трагедија која осовременета од перото на Плевнеш, ја покажува универзалноста на сите овоземски трагедии. Станува збор за претставата „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“, најновото драмско дело на Јордан Плевнеш, а во режија на Владо Цветановски.
Топосот во оваа претстава не е стара Грција, туку целиот Балкан, а Ифигенија не е само лик од неговото дело, туку е универзален трагичен лик кој може да биде од секое поднебје, од секоја нација или култура. Низ ваквото космополитско претставување на различните култури и традиции на Балканот, авторот го „реинкарнира“ Еврипид да ја бара невината жртва Ифигенија подалеку од неговата матична земја. Во потрагата, Еврипид на Балканот се соочува со седум Ифигении: турска, грчка, албанска, бугарска, српска, црногорска и македонска.

Се разбира, за текстот да биде поблизок и подостапен за толкување пред гледачите, истите ќе треба да имаат претходни познавања за животот и делото на старогрчкиот трагичар Еврипид. 

Од друга страна, пак, тоа што претставата ја прави толку податлива и разбирлива за „неупатените“ гледачи е одлично изведената сценографија. Сцената и сите реквизити на неа се направени во еден современ манир на Жан Пол Готје, со многу волшебни и фантастични елементи небаре сте влегле во некој магичен расказ на Маркез или оние типичните за експресионизмот. Успешната игра на актерите: Рубенс Муратовски, Игор Ангелов, Жарко Димоски, Билјана Беличанец, Гордана Ендровска, Трајанка Илиева, Валдета Исмаили, Маја Пановска, Kалина Наумовска и Kатерина Аневска, ја направи сценографијата многу жива и уверлива за поднебјата и времињата во кои е сместено дејството.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Која мајка си го изгубила детето на гробишта ќе го најде
(12 окт 2012)

Кон "За секого има по една" од Венко Андоновски; режија Владлен Александров; продукција Театар Комедија


Дека смеењето е здравје дури и ако се случува на гробишта, дури и ако се занимава со духови и вампири кои се само присутно живи, особено ако се обични луѓе кои своите соништа ги остваруваат како гробари, дури и ако љубовта ја бараат помеѓу дупките, дури и ако сплетките и урнебесните ситуации понекогаш застануваат в грло... Таква една урнебесна ситуација на комика ќе имаат можност да видат гледачите на вечерашнава премиера на "За секого има по една", што по текст на Венко Андоновски ја работеше гостинот од Бугарија, Владлен Александров. Навистина се потврди дека младата полетна сила во поделата на претставата носи една интересна, чудесна енергија со извонреден сенс за досетки и комплетно освежување и осовременување на изразот, нормално, дополнет со искусното перо на веќе докажаниот Андоновски. Тој ја остварил интенцијата да напише нешто налик на комедиите на Нушиќ и Ковачевиќ, па и на нашиот Попоски, со веќе препознатливиот негов, автохтон, "сериозно-комичен" дух и шарм...

Испреплетените сцени кои следствено и школски ја надоградуваат приказната дека нечија пијана немарност може да доведе до "смртно-комични" последици се прекршуваат со театарско-проблематичните "испади" кои реално ги играат актерите, има живост прекршена со слики - интермеца, кои стојат и се дел од релаксирачката атмосфера (освен можеби сцената на борделот која трае малку подолго од потребното) во кои и со кои "пливаме" како публика 130 минути со придодадената живост и "гас" од режисерката палка на Владлен... А се функционира или не функционира по системот "која мајка си го изгубила детето на гробишта ќе го најде" - се разбира живо!

Превземено од „Вечер“ од 11.10.2012


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios