“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Драмски театар на гостувања во Македонија и соседните балкански земји
(26 окт 2011)

 

Веќе најавената богата меѓународна активност на Драмскиот театар продолжува и понатаму. Покрај најавеното гостување на претставата „Хамлет“ на 6 ноември на меѓународниот театарски фестивал „Glum Bal“ во Народно позориште - Ниш, Србија, на самиот почеток на месец ноември, претставата "geNOcid21" од Љубиша Героргиевки, во режија на Владлен Алекснадров, ќе учествува на меѓународниот театарски фестивал „Есенски театарски средби“ во Бугарија. На 3 ноември, претставата ќе се одигра во Софија, а на 4 ноември во Пазарџик. 

623758462_bilbord_Press.jpg

 

 

 

Во меѓувреме, претставата „Герв или шприцер“ ќе гостува на домашните театарски сцени, и тоа на 1 ноември во Домот на културата во Гевгелија, а на 19 ноември во новоотворениот театар во Охрид. 

 232845764_Grev ili spricer 3.jpg


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Рецензија - Гревот и шприцерот возат и по две децении, Борче Грозданов
(21 окт 2011)

Кога се решавате на чекор за реминисценција или ревидирање на еден успешен театарски чин и кога претендирате тој повторно да стане хит и да ги полни салоните, тогаш бездруго треба да имате предвид дека тоа прејудицира, пред се различност во визијата за тоа како тој нов театарски чин би требало да изгледа. Во случајот со римејкот на "Грев или шприцер" во Драмски можеме да кажеме дека се работи за успешен обид. Но, мора да се признае поради силината и впечатливоста што ја остави постановката на Димитар Станковски со речиси ненадминливиот, за жал сега веќе покоен Ненад Стојановски со Силвија Стојановска, Ванчо Петрушевски, Јовица Михајловски, Гоце Тодоровски, Благој Чоревски... и останатата плејада од премиерата во 1992 година, не беше лесно консументот кој веќе ја има перцепирано таа претстава да се "извлече" од "филмот" од пред две децении... Сепак, честитки заслужува режисерот на ова, ново видување Деан Дамјановски, кој со минималистички средства и видливо стрплива работа со актерите успева да ги "избрише" ликовите од претходната постановка и да понуди една нова иако базирана на стари темели, урбана приказна. Во тој контекст тој нуди уште еден интересен момент, нудејќи театар во театар со комично интересниот момент на интерпретација на "Бегалка" на англиски јазик, што ја играат Беба, Мими и Џанго, инаку ликови од нашава денешна приказна...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Интервју - Драган Спасов Дац - Новата „Грев или шприцер“ ќе ја преплави публиката со емоции
(21 окт 2011)

Драмскиот театар ја обнови култната претстава Грев или шприцер од Сашко Насев, која оригинално беше поставена на истата сцена во 1992 година, а премиерата на новата верзија ја имаше во саботата, на 15 октомври. Драган Спасов Дац, го толкува главниот лик, Крсто Шприцер, и е единствен од старата екипа, кој повторно се најде во поделбата, што сега ја направи режисерот Деан Дамјановски...

Поминаа неколку денови од претпремиерата и премиерата, па веројатно се средуваат впечатоците...

Да, а најважното е дека сме сите среќни што имаме ваква претстава. Интересот на публиката за првите две изведби, како и фактот дека се распродадени билетите за еден месец однапред, зборува дека Драмски повторно има хит на својот репертоар. Оние што ја гледале првата верзија, сакаат да видат како изгледа сега Грев или шприцер, а тие кои само слушале за неа, како за култен наслов, имаат желба да ја почувствуваат магијата. Затоа, верувам дека ни претстои уште многу играње на овој текст и уште повеќе впечатоци.

Ти си единствениот од сегашната екипа што глумел и во прва верзија. Која е клучната разлика меѓу двете постановки?

Тешко може да се споредуваат, бидејќи навистина се различни. Таа беше убава на свој начин, а оваа има сопствена, поинаква привлечност. Најзначајната новост е сценографијата и режисерскиот пристап. Првиот пат тие беа пореалистички и покласични, додека сега се во склад со модерните тенденции. На пример, сценографијата е целосно минималистичка, сведена на една коцка и на ѕид кој се спушта на крајот.



Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 НА ПРЕМИЕРАТА НА ГРЕВ ИЛИ ШПРИЦЕР
(17 окт 2011)

Дека е продолжена - оживеана приказната, сведочеше и смеата која доаѓаше од партерот во кој беше премиерот Никола Груевски, некогашен член на домците во "Грев или шприцер" 

Гревот повторно го нападна Драмски театар. Шприцерот во континуитет продолжи да се пие на сцената во Карпош... Урбаната потресно-комична приказна и по две децении повторно е актуелна, но овојпат со нова постава, со некои нови клинци, но и со старо-новиот Дац, кој наместо Џанго беше Шприцер...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Премиера на „Грев или шприцер“
(14 окт 2011)

РИМЕЈК ВО ДРАМСКИ 


Гревот... повторно на сцена

"Не сакавме и не можевме да се фокусираме на бремето што го носи успешната прва постановка токму во овој театар. Во центарот на нашата приказна е Градот со сите негови случувања од социолошки и драматуршки аспект. Целта ни беше да го сочуваме континуитетот на нашата современа театарска продукција, со цел за еден богат и специфичен театарски идентитет", рече режисерот на новата постановка Деан Дамјановски

 

Приказната и драмата урбано напишана и раскажана од Сашко Насев, на хероите Крсто Шприцер, Беба, Тони Џанго, Миле Поштарот, Јоцо Бугар... и останатите жареше и палеше во последната деценија на 20 век во Драмскиот театар. И сега, речиси две децении потоа (премиерата на првата постановка беше во 1992 год.) повторно ќе ја видиме градската сага за овие исти јунаци, но раскажани на нов, денешен јазик и контекст.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios