“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 СКУПИ ФЕСТИВАЛ во Драмски театар - Скопје
(29 окт 2009)
Од 3 до 10 Ноември, 2009 год. во Драмскиот театар ќе се одржува меѓународниот театарски фестивал СКУПИ 2009. Во рамките на фестивалот ќе се гостуваат 8 театари од Албанија, Швајцарија, Хрватска, Босна, Италија, Германија, Франција и Бугарија. Сите претстави почнуваат во 20.00 часот. Во прилог погледнете ја програмата на фестивалот.
Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Нов попуст во Сезонскиот билет!!!!!
(15 окт 2009)
Почитувана Публико, Драги пријатели на Драмски театар - Скопје!
Новоста за сезонските билети одекна фантастично меѓу Вас, и веќе имаме најави за овој вид претплата! Во консултација со Вас, примајќи ги Вашите добронамерни сугестии, решивме да направиме уште еден попуст, па така цената на редовниот сезонски билет од редовната цена од 250 денари, наместо на 200 ден., ќе се намали на 190 денари, со што ќе се израмни со цената на оn-line билетите. Цената на сезонски билет за студенти, ученици и пензионери, како и за претпријатија останува иста.
Се надеваме дека и понатаму ќе продолжите со Ваши конструктивни идеи и предлози!
Ви Благодариме!!!
ВЕ САКА ДРАМСКИ ТЕАТАР!!!

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР - СКОПЈЕ!!!
(08 окт 2009)

Од Октомври, 2009 година, НУ Драмски театар – Скопје започнува со акцијата ПРЕТПЛАТА односно, издавање Сезонски билет. Со оваа новост Драмски театар  за прв пат во Македонија започнува да работи по светските маркетинг стандарди кои се вообичаени за културните театарски институции во светот.

Претплатата, односно Сезонскиот билет Ви овозможува активно учество во театарскиот и културен живот, редовно следење на претстави и други случувања во Драмски театар – Скопје, подостапни и намалени цени, резервирање на термин и убаво седиште, избегнување на покачување на цените и многу други поволности кои за нашата верна и сакана публика допрва ќе следат. Со вклучување во оваа акција, Вие станувате дел од нашето широко семејство.

Со првичната најава за оваа акција, НУ Драмски театар – Скопје започнува со издавање на Сезонски билет за претставите од тековниот репертоар.

За почеток, првиот период за Сезонски билет ги опфаќа месеците Октомври, Ноември и Декември, 2009.

Вториот период за Сезонски билети ќе започне со почетокот на репертоарот на 2010 година, од Јануари до Јуни, 2010.

Со купување на ваков билет, добивате сезонски попуст од 20% од редовната цена.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Намалување на цените на билетите за on-line продажба
(01 окт 2009)
Со цел да се поттикне современата комуникација со публиката, од 1 Октомври, 2009 годнина Драмскиот театар - Скопје ги намалува цените на билетите за интернет, on-line продажба. Со тоа, наместо досегашната редовна цена на билет од 250 денари, доколку купите билет за претстава преку интернет, билетот ќе Ве чини 190 денари. Со зголемување на инетересот за ваква продажба, доколку се зголеми побарувачката Театорот ќе го зголеми и бројот на достапни места за интернет продажба.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios