„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 ЖИВОТОТ ВО ТЕСНИ ЧЕВЛИЧКИ
(10 јан 2014)

Во Драмскиот театар почнаа подготовките на новиот проект ЖИВОТОТ ВО ТЕСНИ ЧЕВЛИЧКИ од Душан Ковачевиќ, во режија на Ненад Витанов. Актерската екипа ја сочинуваат Драган Спасов Дац, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Ванчо Петрушевски, Душица Стојановска, Биљана Драгичевиќ Пројковска и Зоран Љутков.

Драмите на Ковачевиќ жанровски можат да се наречат црни комедии секогаш испреплетени со актуелни социјално политички теми, жесток критичар на елитите, малограѓанштината, глупоста и пакоста. ‘Животот во тесни чевлички‘ е современа, социјална, црна комедија со мелодрамски елементи. Ковачевиќ на мајсторски начин ги испреплетува комичното и трагичното, рационалното и апсурдното, суровото и хуманото, животот и смртта.

Премиерата на претставата се планира на крајот на месец февруари.


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Жртви на маалската филозофија
(09 јан 2014)

...Премиерата во Драмскиот театар на претставата „Чија си“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, во која играат речиси сите актери од првата постава, ги собра театарските вљубеници и создаде прекрасна атмосфера, на враќање во минатото, на потсетување на едно време, атмосфера на интимност, блискост, препознатливост. Атмосфера, која и покрај трагичноста на приказната, прави да се чувствувате добро, пријатно, носталгично, уживајќи во звуците на „Чија си“ и во сето она што го живеевме, не така одамна. Токму затоа, и не можеме а да не ја направиме веднаш споредбата со првата претстава од 1991 година, која сега ја доживува својата нова постановка, и тоа на еден невообичаен начин, каде што истите актери ги играат истите ликови...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 ДРАМСКИ ТЕАТАР: НОВА "ЧИЈА СИ": ГУБИТНИЦИ ЗАГЛАВЕНИ НА ПЕРИФЕРИЈАТА НА ЖИВОТО
(09 јан 2014)

...Драмски театар - Скопје репертоарот за 2013 година го заокружи со премиерата на популарниот драмски текст "Чија си" на Сашко Насев за кој инспирација е евергринот на Славе Димитров "Чија си" кој на крајот на минатиот век беше прогласен за македонски хит на 20.век. Оваа изведба (на 27 декември), е во спомен или "ри мејк" на истоимената хит претстава во Драмски што во 1991 година, како праизведба, ја постави Димитар Станкоски (1946-2007). Во новата претстава на Драмски, сега во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, повеќе од ликовите ги играат актери од онаа првата изведба. По две и кусур децении тогашната младост сега е зрелост...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios