„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

 
2016:    февруари | март | април | јуни | август | септември |
2015:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | октомври | ноември |
2014:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | декември |
2013:    февруари | март | април | јуни | септември | ноември | декември |
2012:    февруари | март | април | септември | октомври | ноември | декември |
2011:    јануари | март | април | мај | јуни | август | септември | октомври | ноември | декември |
2010:    јануари | февруари | април | мај | јуни | јули | октомври | ноември | декември |
2009:    јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
2008:    март | април | мај | јуни | јули | септември | октомври | ноември |
2007:    февруари | мај |
2006:    јануари | јуни | ноември | декември |
2005:    март | април | јули | октомври |
2004:    јануари | април | јуни | ноември | декември |
2003:    март |
 
 Претставата „Догодина во исто време“, чија премиера се одигра во Канада, се појави на сцената на Драмски
(28 јан 2010)
Многу смеа, добро расположение и силни аплаузи предизвика претставата „Догодина во исто време“, која прексиноќа се одигра на сцената на Драмски театар – Скопје. Романтичната комедија во која играат актерите Катерина Коцевска, Бранко Ѓорчев и Дејан Лилиќ е изработена по сценарио на канадскиот писател Бернард Слејд, но ја гледавме во адаптирана и преработена верзија, каде што од дуо-драма, со пасивен лик, беше претставена во драма со тројца, во која пасивниот лик комуницира со публиката. Тројцата актери во оваа претстава се и во улогата на режисери, а во исто време се погрижија и за сценографијата и за костимографијата.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Убава, светлосива театарска слика
(26 јан 2010)

Пештерска Бекетовска атмосфера која не полазува и нас, публиката како субјект од другата страна на превртеното театарско огледало. Хуморот кој се подголтнува, сарказам кој го знаеме сите, ретко кој го изустува...


Уште еднаш Бекет стигна кај нас, но сега уште помодерен, уште посовремен, уште понаш, македонски... Пренесен во една скопска, наша пештера "залиен" со потоп и два експонати - субјекти, преку кои се одвива личната, сугестивна, блиска, но не само наша и не само тукашна драма... Што би било, кога навистина би се потопиле?! Тоа е основното прашање на кое најчовечки се обидува да одговори авторот Сашо Тасевски во "Интермецо", неговата пиеса која во средата премиерно беше изведена во Драмскиот театар... Значи, Бекетовската атмосфера е неизбежна, сеприсутна, но за жал се уште неизживеана...


Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 Претстава со став - „Ангели во Америка“
(15 јан 2010)

РЕЦЕНЗИЈА
Претстава со став

Иван Ивановски

Последната премиера не само во Скопје туку и во Македонија во 2009 година беше таа во Драмскиот театар, реализирана во соработка со продукцијата на „Театар дримс“ од Софија. Станува збор за драмата „Ангели во Америка“ од познатиот современ американски писател Тони Кушнер, инаку носител на две угледни американски признанија за уметност - „Пулицеровата награда“ и наградата „Тони“. Тој овој свој волуменозен драмски еп го наслови како „Геј-фантазија на национални теми“ и за разлика од неговата праизведба во САД, која траеше цели седум часа, првото поставување на „Ангелите“ кај нас се играше во значително скратен вид (првиот дел наречен „Милениумот наближува“), чиешто времетраење на скопската премиера беше сведено на само два и пол часа. Не навлегувајќи колку и дали воопшто се изгубило со ригорозното кастрење на текстот, да истакнам дека тој и во една ваква редуцирана варијанта дејтвуваше мошне заокружено, вибрантно, за што секако заслугите му припаѓаат и на драматургот Серџо Костола.

Симнете ја новоста  |  Прочитај повеќе
 
 
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios