"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

       
Сашо Тасевски

 

Сашо Тасевски, роден 10.08.1972 година во Скопе. 1995 год. дипломира на катедрата за актерска игра на ФДУ во Скопје, во класата на Љубиша Георгиевски, 2003 година магистар на тезата „Театар во празното“ на истиот факултет. 1998 година се вработува како актер во Драмски театар Скопје и одтогаш остварува бројни главни и споредни улоги во претстави на репертоарот на Драмски Театар но и како соработник со други театарски институции и проекти. Игра во претставите:

„Кандид во земјата на чудата“, „Кинегонда во Карлаленд“, „Арсеник и стара тантела“, „Ревизор“, „Кумови“, „Питачка опера“, „Фурка“, „Ојдипус тиранос“, „Филоктет“, „Роберто Зуко“, „Арлекин, слуга на двајва господари“, „Стари миризби“, „Ферхад и Ширин“, „Мефисто“, „Кандид во земјата на чудата“, „Сон на летната ноќ“, „Тетовирани души“, „Што е тоа што ги тера жените да трчаат по улиците на Мадрид“, „Купидона“, „Демонот од Дебармаало“,„Операција Лир“, „Мечка“, „Доктор Фауст“, „Позитивно мислење“, „Магдо љубов моја“, „Три сестри“. Настапува и во теливизиски драми и серии како ТВ-драмите „Дичо Зографот“, „Диоген“ и „Глигор Прличев“, ТВ-филмовите „Денес, утре“, „Девет пораки“ и сериите „Салон Хармони“ и „Сакам да бидам кошаркар“. Добитник е наградата за најдобро актерско остварување на 37 театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп, за улогата на Цибра во претставата „Тетовирани души“ во режија на Сашо Миленковски. Објавува колумни на тема политика и етика во некои наши неделници и дневни весници (Актуел, Фокус, Дневник, Утрински весник),   а има објавени и неколку научни трудови од областа на театарот во списанијата „Наше писмо“ и „Културен живот“.

 

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios