“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

       
Драган Спасов

 


Драган Спасов, роден 20.04.1963 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за драмска уметност, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на Проф. Слободан Унковски. Од 1992 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. До сега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти. Станувајќи член на Драмскиот театар Скопје, тој за кратко време на настапување на својата матична сцена ( и не само на неа), оствари импозантна актива, збогатувајќи го својот опус и македонската акатерска уметност со повеќе забележителни остварувања и тоа во најразлични жанрови и стилови. Подеднакво успешно настапува во проекти за најмладите, во комедиографски дела, во текстови од светската драмска класика, во современата драматургија и во пиеси од домашни автори. Неговата игра е лесна, но не и површна, мошне пластична и динамична, содржајна и мошне колоритна, богата во откривањето детали и неодоливо духовита и блиска.


Поважни театарски улоги:

Шприцер - Грев или шрпицер, од Сашко Насев, р. Деан Дамјановски, ДТС 2011

Кандид - Кинегонда во Карлаленд, р. Сашо Миленковски, ДТС

Монопретстава Облачна исповед, р. Деан Дамјановски, ДТС
Амадеус – Амадеус, р. Златко Славенски, ДТС

Четвртиот граѓанин - Смртта на Дантон, р. Вечек, ДТС
Повеќе улоги - Ало Будење, р. Коле Ангеливски, ДТС
Ѓоре Пиже - Не сега драга, р. Коле Ангеловски, ДТС
Повеќе улоги - Чернодрински се враќа дома, р. Слободан Унковски, ДТС
Џнго - Грев или шприцер, р. Димитар Станковски, ДТС
Фердинанд
- Бура, од Шекспир, р. Коле Ангеловски, ДСТ
Тома Диафарус - Вообразен болен, р. Љубиша Герогиевски, ДТС
Кловн – Кловнови, р. Коле Ангеловски, ДТС
Кларин - Животот е сон, р. Слобоан Унковски, ДТС
Фиљан Кишија – Харем, р. Димитар Станковски, ДТС
Зганарел - Дон Жуан, р. Ненад Стојановски
Мирко - Маратонците го трчаат почесниот круг, р. Коле Ангеловски, ДТС
Розенкранц - Розенкранц и Гилденстерн се мртви, р. Златко Славенски, ДТС
Хлестаков – Ревизор, р. Љубиша Георгиевски, ДТС
Бруно - Умри машки
, р. Коле Ангеловски, ДСТ
Тимчо - Ни ќар ни зијан, р. Димитар Станковски, ДТС
Фигаро - Свадбата на Фигаро, р. Коле Ангеловски, ДТС
Платонов – Платонов, р. Димитар Станковски, ДТС
Ферхад - Ферхад и Ширин, р. Ертан Јуџел, ДТС
Кандид - Кандид во земјата на чудата, р. Сашо Миленковски, ДТС
Симон - Диво месо, р. Александар Поповски, ДТС
Македон змеј - Маседоан, Одисеја 200, р. Иван Поповски, Охридско лето
Првиот - Кутрите мали хрчки, р. Иво Лауренчиќ, театар Хистриони
Брик - Мачка на вжештен лимен кров, р. Красимир Спасов, ДТС
Ангеле - Лет во место, р. Љупчо Георгиевски, ДТС

Дони - Поручникот од Инишимор, р. Зоја Бузалкова, ДТС
Љубац – Купидона, р. Срѓан Јаниќијевиќ, ДТС
Судијата Тасе - Демонот од Дебармаало, р. Слобода Унковски, ДТС
Џука - Комшилук наопаку, р. Ненни Делместре, ДТС
Mr. White -
Касапски кучиња, р. Бојан Трифуновски, ДТС
 

Претстави во други театри:

Денови на нашиот живот Македонскиот народен театар
Рекламна бајка Македонскиот народен театар
Подземна република Битолски театар
Безбог, Битолски театар
Ништо без Тримфолио Кумановски театар
Женидба Кумановски театар
Оркестар Титаник Кумановски театар
Кралот Кускуле Театар за деца и младинци
Силјан Штркот Театар за деца и младинци
Циркус Катастрофа, Младински Културен Центар
Окото на мајка, Младински Културен Центар
Спиро Пирчев Царо, Младински Културен Центар
Стјуардеси, Театар Хистриони
Позитивно мислење, Универзална Сала Скопје
Чија си, Универзална Сала Скопје

ТВ Серии

Бушава азбука, образовна серија, МРТВ
Македонија може, хумористична серија, МРТВ
Салон Хармони, хумористична серија, МРТВ
Обични луѓе, хумористична серија, МРТВ

ТВ Драми

За трошка среќа, МРТВ
Североисточно од југозапад, МРТВ
Време за плачење
, МРТВ

Радио емисии

Радио Уно (емисија „Бамбини“ и „Времеплов“),
Радио ПроФМ (Емисија „Елита“), Радио Равел („Бамбини“),
Радио МРТВ (Емисија „ХИХИРИКУ“). О

Филмски улоги:

во филмовите „Трето доба“,
Ѕвездите на ’42 и
Крик на немиот индијанец

Награди и признанија:

Награда за најдобар млад актер за улогата Ѓорѓе Пиже во представата „Не сега драга, најдобро е попладне“ од списанието Екран,
Награда за најдобро театарско остварување за улогата на Џанго во представата „Грев или шприцер“ на 28-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
Награда за најдобро театарско остварување за улогата на Розенкранц во представата „Розенкранц и Гилдерстерн се мртви“ на 30-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
Награда за епизодна улога „Димче Трајковски“ за улогата на Тимчо во представата „Ни ќар ни зијан“ на 31-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
Награда „Златна Маска“ на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Амадеус во представата „Амадеус“ која ја доделува весникот „Вечер“,
Нагарадата „13 Ноември“ што ја доделува Собранието на град Скопје за улогите Розенкранц во представата „Розенкранц и Гилдерстерн се мртви“ и Амадеус во представата „Амадеус“,
Награда за најдобро театарско остварување за улогата на Симон во представата „Диво Месо“ на 36-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
Награда за најдобар актер во 1994 и 1995 година во Драмски Театар Скопје,
1997 година назначен за Генерален Конзул на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Од 2000 до 2004 година е советник на Град Скопје,
2007 до 2008 год. е координатор на детското драмско студио во А1 Телевизија.

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios