“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

       
Ѓорѓи Тодоровски

 

Тодоровски Ѓорги, роден 1956 год. во Битола. Дипломирал на ФДУ-Скопје во 1979 год. во класата на професор Љубиша Георгиевски, а веќе во 1981 год. се вработува во Драмскиот Театар Скопје. Работел со многу познати тетарски режисери, а своите почетоци ги врзува со Слободан Унковски во претставите „Ослободување на Скопје“ и „Хамлет“. Со својот професор, режисерот Љубиша Георгиевски работел во претставите „Црнила“, „Еригон“, „ЈУ-антитеза“ и други. Улоги кои се паметат се и оние во претставите „Рибарски караници“, „Викенд за мртовци“, „Самоубиец“, „Зојкин стан“, „Дон Жуан“, „Ладало“, „Прости дарови“, „Жени во народното собрание“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Македонски рулет“, „Лет во место“, „Крал Иби“, „Авантурите на Пинг и Луси“, „Салома“, „Ју антитеза“, „Свадба“, „Ноќ спроти Водици“, „Смртта на Дантон“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, и други. Забележливи му се и улогите во многу детски претстави. Учествувал скоро на сите позначајни театарски фестивали, а зел учество и на гостувањата во Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Италија... Во исто време учествувал во многу ТВ проекти како ТВ-драми и ТВ-филмови, играни серии и детски ТВ-серии. Својот талент го покажал и во над 50 радио-драми како и во 4 играни филмови: „Време води“ на Бранко Гапо, „Хај фај“ - В.Блажевски, „Војници“ - Стјепан Заниновиќ и играниот италијански филм за Мајка Тереза „Глас“, каде што ја оствари улогата на Лоренцо, на познатиот италијански режисер Брунело Ронди. Голема популарност стекнал и во ТВ-емисиите за кулинарството каде со својот шарм и вештина стана пионер и бренд за ваквиот тип на емисии. До сега три пати е избран за најпопуларно ТВ лице, а два пати за најпопуларна личност во Р.Македонија од весникот Вечер. Во своите улоги Ѓорги Тодоровски се претставува како творец со култивиран талент, со потресни акценти и изразена глума.

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios