"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

       
Јовица Михајловски

 

Глумец, продуцент

Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како најдобар студент на својата генерација.Од 1982 год. член на Драмски театар – Скопје. Одиграни над 3000 театарски претстави, 10 играни филма, осум ТВ филма, четири Тв серии..
1992 номиниран за филмската награда ФЕЛИКС, за епизодна улога ЗМИЈА во филмот ТЕТОВИРАЊЕ на Столе Попов.
1997 добитник на наградата ЕКРАН, (македонска верзија на Оскар) за најдобро остварување на филмот и телевизијата, за улогата на “Кумплунг”во играниот фим САМОУНИШТУВАЊЕ.
2005, награда за најдобра машка улога на интарнационалниот театарски фестивал во Ријека, Хрватска, ЛАКИ во претставата Друга Страна од Д.Дуковски и С. Унковски
Соосновач и извршен директор на првата приватна институција од областа на културата во Македонија, културниот центар МАЛА СТАНИЦА.
Учесник во Артс Линк програмата за арт менаџмент во Њујорк 95-96 година. Основач на претпријатието за производство на филмови и сценско музички дејности НОВА- Јовица Михајловски доеел, Скопје.
Член на Друштво на филмски работници на Македонија.

Филмска продукција:

Продуцент и главен актер во“Самоуништување” долгометражен игран филм, 35мм, комплетно реализиран со приватни средства. Досега единствен во историјата на македонската кинематографија. Копродукција со Сема Фенер, Истанбул-Турција. Скопје 1996.

Видео продукција:

„Како да станам кошаркар“ играна образовна серија, бета 6 епизоди по30 мин
„Патот на сонцето“ документарен филм за децата бегалци, бета 30 мин

Театарска продукција:

Извршен продуцент на интернационално најнаградуваната театарска претстава Туку Така Под Облака, Орхус-Данска, 1994 година
Извршен продуцент на гостувањето на Ла Мама Театар на прочуената Елен Стујарт од Њујорк, на фестивалот Охридско Лето 96
“Бездушна Неда” , режија Јошико Чума – Њујорк, копродукција НОВА и ГОХ Продукција Њујорк, Охридско лето 98.
“Монитор Гуштери”, продукција НОВА и ГОХ Њујорк, интернационален МОТ фестивал, Скопје 1999
“Тale Exchange”, интернацинален интернет перформанс, копродукција со Caths Weis Project, Њујорк 2001.

Услуги:

Видео спот и промотивна кампања за весникот ВЕСТ
Заштита на површински води во Македонија, 6 видео спота

Издаваштво:

Книга поезија „Раѓање на црвените дождови“ , автор Трајче Симоновски

Изложби:

Продуцент на изложба на Станко Павлески и Жанета Вангели, Ла Мама Галериа” Њујорк, САД,1997год.
Од 2001 год. Косопственик на кабаре „Џубокс“.


 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios