“The theater is so endlessly fascinating because it's so accidental. It's so much like life.”- Arthur Miller
dramski on mobile

       
Благој Чоревски

 



Благој Чоревски
, роден на 09.09.1947 година во Велес, Р Македонија. Потекнува од актерско семејство. Средно и основно образование завршува во Битола, а Факултет за драмски уметности, отсек актерство, завршува во Софија, Бугарија, во 1971 година. Истата година е вработен како актер во Драмскиот театар - Скопје. Во текот на својата долгогодишна актерска кариера има остварено значајни улоги во многу драмски, телевизиски, филмски и радио проекти.



Поважни театарски улоги:

„Болва во уво“, „Полтена штица“, „Јадигар“,  „Дупло дно“, „Карамазови“, „крал Иби“, „Викенд на мртовци“, „Коприварник“, „Керубин“, „Ноќ спроти Водици“, „Р“, „Сили во воздухот“, „Шуаби ап“, „Кула Вавилонска“, „Женски оркестар“, „Чернодрински се враќа дома“, „Грев или шприцер“, „Животот е сон“, „Зоолошка градина“, „Сега му е мајката“, „Ревизор“, „Ни ќар ни зијан“, „Амадеус“, „Сон на летната ноќ“, „Маседоан, Одисеја 2001“, „Брачна игра“, „Нема да верувате“, „Цинко и Маринко“, „Хамлет од Долногаштани“, „Лет во место“, „Комшилук наопаку“ и други.

Филм:

1977, Исправи се Делфина (споредна улога)
1977, Пресуда (главна улога)
1980, Време , води (споредна улога)
1988, Викенд на мртовци (главна улога)
1991, Тетовирање (спредна улога)
1996, Самоуниптување (споредна улога)

Награди и признанија:
1972 год. - награда на весникот „Млад борец“ за најдобро актерско остварување
1976 год. - награда „Златен ловоров венец“ нас Фестивалот на мали и експериментални сцени во Сарајево, за најдобро актесрко остварување
1979 год. - Стериина награда на фестивалот „Стејрино позорје“ во Нови Сад за најдорбо актерско остварување
1980 год. - Лауреат е на највисокото општетсвено признание  Наградата „11 Октомври“ за особено значајни остварувања во областа на уметноста од интерес на Република Македонија
1984 год. - Награда за најдобро актерско остварување на филмот и ТВ „Милтон Манаки“ според анкетата на ревијата „Екран“
1984 год. - најпопуларно лице според анкетата на весникот „Вечер“
1989 год. - Награда за најдобра епизодна улога од списанието „Вечерње новости“ на Стерниино позорје во Нови Сад
1992 год. - Награда за најдорбо актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп
1996 год. - Награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп
2003 год. - Награда за најјдобар актерски пар во претставата „Брачна игра“ од Едвард Олби на четвртиот Меѓународен Украински Фестивал во Тернопол „Тарас Шевченко“
2004 год. - Награда „Климент Охридски“ општествено признание за особено значајни остварувања во културата и уметноста од интерес на Република Македонија
2007 год. - Златна маска за најдобро актерско остварување на Фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Тевје во „Свирачот на покривот“
2007 год. - Награда од дневниот весник „Битолски весник“ за најуспешен битолчанец од областа на културата во 2007 година.

2009 година - Награда за животно дело „Петре Прличко“.

Општествени функции:
1983 - 1999 год. - Директор на Драмски театар - Скопје
1998 - 2000 год. - Заменик Министер за култура на Република Македонија
2005 - 2008 год. - Претстедател на Советот на град Скопје

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios