“You need three things in the theater - the play, the actors and the audience, - and each must give something” - Kenneth Haigh
dramski on mobile

       
Петар Темелковски

 

Петар Темелковски, роден 1946 год. во Богомила. 1972 година дипломира на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, Бугарија, и веднаш се вработува како актер во Македонскиот национален театар. 1975 година се вработува во Драмскиот театар Скопје како Првенец на театарот и од тогаш остварува повеќе од 70 главни и централни улоги во театрите во Скопје, Софија, Куманово, Прилеп, Велес, Струмица... на филм и ТВ. 2007 година е назначен за Уметнички директор на Театарскиот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп. Од 2007 е и Редовен професор на ЕСРА (Ecole Superieure de Realisation Audiovisuelle), Скопје, Македонија.

Поважни театарски улоги:

Горчин - Пелиново, од Жарко Команин, режија Љубиша Георгиевски, МНТ
Андреа Сарти
- Животот на Галилеј, од Бертолд Брехт, режија Бранко Ставрев, МНТ
Војводата Дамјан
Суд, od Коле Чашуле, режиј Љубиша Георгиевски, МНТ
Крсте Шепни Постела - Време на пеење
, од Петре М. Андреевски, режија Димитар Станковски, МНТ
Беранже - Носорог, од Ежен Јонеско, режија Љубиша Георгиевски, МНТ
Трајан Поп Стефанов - Мацедонише цуштенде
, од Јордан Плевнеш, режија Љубиша Георгиевски, МНТ
Тригорин
Галеб, од Антон П. Чехов, режија Бранко Ставрев, МНТ
Бакингам - Ричард III
, од Шекспир, режија Рахим Бурхан, МНТ
Михаил Назаров – Последните
, од Максим Горки, режија Илија Милчин. МНТ
Даниел Оконел
- Подзатворена врата, во сопствена драматизација и режија, по романот во стихови Град од Љубчо Георгиевски, МНТ
Цар Едип
- Цар Едип, од Софокле, режија Миле Корун, ДТС
Луков
Црнила, од Коле Чашуле, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Херман Клаус
- Диво Месо, од Горан Стефановски, режија Слободан Унковски, ДТС
Дох Жуан
- Дон Жуан, од Молиер, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Макс Брод
Стапица, од Тадеуш Рожевич, режија Богдан Хусаковски, ДТС
Исидор Солунски
Еригон, од Јордан Плевнеш, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Џемс Тајрон
- Долго патување во ноќта, од Јуџин О Нил, режија Патриша Хамерстронг, ДТС
Најде Екимот - Јане Задрогаз
, од Горан Стефановски, режија Слободан Унковски, ДТС
Сер
Гардеробер, од Роналд Харвуд, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Ѕвездак - Преспанскиот круг со црвена боја
, од Миле Неделковски, режија Владимир Милчин, ДТС
Локид
- Питачка опера, од Вацлав Хавел, режија Горан Тренчовски, ДТС
Поцо - Чекајќи го Годо
, од Семјуел Бекет, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Одисеј
Филоктет, режија Љубиша Георгиевски, ДТС
Хам - Крајот на играта
, од Семјуел Бекет, режија Горан Тренчовски, ДТС
Антоан
- Виктор или деца на власта, од Роже Вилар, режија Жарко Петан, ДТС
Максим Бродски - R, од Јордан Плевнеш, режија Љубиша Георгиевски
, МНТ
Аристарх – Самоубиец
, од Гогољ, режија Бранко Ставрев, ДТС
Филип Втори -
Филип Втори - Македонски, сопствен авторски проект, ДТС

Филмски улоги:

Дуко - Најдолгиот пат, од Петре М. Андреевски, режија Бранко Гапо
Синот на крчмарот
- Време води, од Јован Стрезовски, режија Бранко Гапо
Архимандритот Андреа - Последната Македонска сага
, од Симон Дракул, режија Бранко Гапо
Братот Петар
- Збогум на 20 век, од Александар Поповски и Дарко Митревски

Награди:

1987год. Стеријна награда најдобро остварување на Стеријното позорје во Нови Сад за улогата на Максим Бродски во претставата Р од Јордан Плевнеш во режија на Љубиша Георгиевски.
1988г
од. Златен ловор венец на МЕС во Сараево за најдобро остварување за улогата на Макс Брод во претставата Стапица од Тадеуш Рожевич.
1990
год. Награда за најдобро остварување на Државниот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп за улогата Мустакот во Црна од Љубиша Георгиевски и Богомил Ѓузел.
2000
год. Награда за најдобро остварување на Државниот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп за улогата Одисеј во Филоктет од Љубиша Георгиевски
2001
год. Единствената награда за најдобро остварување во цела Македонија на Камерниот театарски фестивал Ристо Шишков во Струмица. за улогата на Одисеј во “Филоктет“.
1976
год. Награда за деби на Филмскиот фестивал во Пула за улогата на Дуко во филмот Најдолгиот пат од Петре М. Андреевски
13 Ноемвриска награда на Градот Скопје за улогата на Исидор Солунски во претставата
Еригон од Јордан Плевнеш

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios