“You can throw away the privilege of acting, but that would be such a shame. The tribe has elected you to tell its story. You are the shaman/healer, that's what the storyteller is, and I think it's important for actors to appreciate that. Too often actors think it's all about them, when in reality it's all about the audience being able to recognize themselves in you. The more you pull away from the public, the less power you have on screen.” - Ben Kingsley
dramski on mobile

       
Мите Грозданов

 

Мите Грозданов, роден 1943 година во Струмица. Веднаш по дипломирањето на Театарската Академија во Белград, станува дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добива највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од К. Чашуле. Во својата театарска дејност се истакнува со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Го негува рецитирањето, а во неговит репертоар се наоѓаат и неколку монодрамски остварувања. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски„ од Гевгелија.





Поважни театарски улоги:

Главна улога - Партитурата за еден Мирон од Коле Чашуле, ДТС
Деметар – Скршената шапка од Мазилу, ДТС
Леоне – Мајка од Виткиевич, ДТС
Нарцис – Грдиот нарцис од Т. Арсовски
Војцек – Војцек од Бихнер, ДТС
Карлос Хоменидес – Болва во уво од Фејдо, ДТС
Божин Лебаро – Јане Задрогаз од Г. Стефановкси, ДТС
Чехов – Подбивна среќо моја од Маљугин, ДТС
Тигар – Тигар од Шизгал, ДТС
Светозар Митиќ – Карамазови од Д. Јовановиќ, ДТС
Гус – Зојкиниот стан од Булгаков, ДТС
Капетанот – Татко од Стринберг, ДТС
Михајло – Собирен центар од Д. Ковачевиќ, ДТС
Сејмон – Самоубиец од Ердман, ДТС
Годо – Од првиот здив од Д. Коцевски, ДТС

Други претстави од репертоарот на Драмски театар Скопје: Фоксфаер, Керубин 2096, Лице и опачина, Соновија, Балконот, Шегите на прасињата, Вазна од порцелан и други.

Филм и ТВ:

Македонски народни приказни, ТВ серија, 2000
Каца, р. Драган Вељановски, ТВ, 1999
Елелига Пепелига, р. Ѓорѓи Стојановски, ТВ серија, 1991
Опстанок, р. Миле Грозданоски, ТВ серија, 1990
Трст виа Скопје, р. Богдан Поп Ѓорчев, ТВ серија, 1987
Среќна нова `49, р. Столе Попов, 1986
Климент Охридски, р. Славољуб Стефановиќ – Равази, ТВ серија, 1986
Солунски патрдии, р. Коле Ангеловски, ТВ серија, 1985
Комедијанти, р. Душко Наумовски, ТВ серија, 1984
Сутјеска, р. Стипе Делиќ, 1973
Колнати сме Ирина, р. Коле Ангеловски, 1973
Смилевски конгрес, р. Душко Наумовски, ТВ филм, 1973
Истрел, р. Бранко Гапо, 1972
Црно семе, р. Кирил Ценевски, 1971
Републиката во пламен, р. Љубиша Георгиевски, 1969
Планината на гневот, р. Љубиша Георгиевски, 1968

Награди:

1968 година „Златен Ловорев венец“ на Фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле
Награда „Млад Борец“
Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“
Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“
1984 година е прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios