„Скоро секој автор би рекол дека го претпочита театарот, или подобро речено, тој магичен сценски круг во кои се случуваат сите сценски промени, случки и настани, круг кој честопати е наречен „сценски ринг што живот значи“, круг како централно жариште и магично поле кое ги обединува и публиката и целиот задкулисен живот во театарот.“ - Мето Јовановски
dramski on mobile

       
Ана Костовска

 

Ана Костовска, родена 04.03.1963 година во Скопје. 1985 год. димпломира со највисока оцена на Факултетот за драмски уметности – Скопје, Универзитет „Св Кирил и Методиј“ во класата на Проф. Владимир Милчин. Веднаш по дипломирањето заминува во Загреб каде настапува во претстава во југословенска копродукција. По успешната премиера се придружува кон трупата К.П.Г.Т. на режисерот Љубиша Ристиќ, еден од најзначајните европски режисери во тоа време. Актерскиот занает го учи од најголемите југословенски театарски творци и дејци и во 1995 година се сели во Белград каде продолжува да работи како актер. 2001 година се враќа во Скопје, а 2007 година се вработува во Драмскиот театар Скопје. Се истакнува како актерка со врвен сензибилитет кој го докажува во многуте главни и споредни улоги во претстави од разни продукции, како и во ТВ и филмски проекти.
Паралелно со актерската кариера, активно се занимава и со музика, пред се како актер кој пее, но музицира и Rock and roll, Jazz, Pop rock и етномузика. Главен вокал е на култната група од `80 те „Бастион“, соработува со Кирил Џајковски, Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Драгиша Солдатовиќ – Лабиш и други.

Поважни театарски улоги:


Оговарање, р. Љубиша Ристиќ, Будва - град театар, 2007

Конзулска времена, од Иво Андриќ, р. Љубиша Ристиќ, Звездара театар, 2008

Лавинија – Тит Андроник, од Шекспир, р. Д. Јовановиќ
Ен Хатавеј -
Everything and nothing, од Борхес, р. К. Челан
Маргарита - Ричард трети, од Шекспир, р. Љубиша Ристиќ
Регана - Крал Лир, од Шекспир, р. Љ. Ристиќ
Хермија - Сон на летната ноќ, р. Љ. Ристиќ
Аркадина - Галеб, од А. П. Чехов, р. Ј. Радивојевиќ
Гертруда – Хамлет коментари, по Шекспир, р. Ф. Гајиќ
Клеопатра – Антонио и Клеопатра, од Шекспир, р. Ф. Гајиќ
Мама Иби – Крал Иби, од Алфред Жари, р. Харис Пашовиќ
Јулија – Госпоѓица Јулија, од Избен, р. Сашо Миленковски
Понсија – Домот на Бернарда Алба, од Ф. Г. Лорка, р. Горчин Стојановиќ
Ана Франк – Ана – една приказна, р. Ѕвездана Ангеловска
Електра – Електра, од Софокле, р. Елени Боса
Животинска фарма, од Орвел, р. Владимир Милчин
Рамна земја, МНТ
Непушач, р. Б. Брезовац
Анита Бербер,
р. Н. Кокотовиќ
Bloody Mary,
р. Љ. Ристиќ, Г. Ленѓел, Р. Шербеџија
Антигона
Тартиф,
од Молиер, р. Љ. Ристиќ
Дон Жуан,
од Молиер, р. Љ. Ристиќ
Миса во А-мол,
по Данило Киш, р. Љ Ристиќ
Кузман Капидан,
од Глигор Прличев, р. Сашо Миленковски
Тапани во ноќта,
од Б. Брехт, р. Саша Габриќ
Купдона,
р. Срѓан Јаниќиевиќ
Зенит,
р. Драган Живадинов
Сараевски приказни
, р. Ф. Гајиќ

 

Филмови:

Танго – тажна мисла која се танцува, р. Пуриша Ѓорѓевиќ
Ѕвездите на `42, режија, Јане Петковски,
Големата Вода, режија Иво Трајков,
Контакт, режија Сергеј Станоевски,
Бал – кан – кан, режија Дарко Митревски
Сенки, режија Милчо Манчевски
Славица - Јас сум од Титов Велес, режија Теона Митевска

Беса - р. Срѓан Карановиќ, 2010

Од телевизиските остварувања секако се издвојува пеачката на сонговите од антологиската образовна серија „Бушава Азбука“.

За својата актерска дејност има добено повеќе награди и признанија од кои најзначајни се:

 - Награда на новинарите за најдобра женска улога – Мајката Иби во претставата Крал Иби во режија на Харис Пашовиќ на Битеф – Белград во 1994 година.

- Нагарада 10 Festival du Cinema Europeen en Essonne, Prix d`interpretation feminine 2008 pour l efilm JE SUIS DE TITOV VELSE de Teona Mitevska


 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios