"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

       
Сабина Ајрула

 

Сабина Ајрула, родена 1946 год. во Скопје. Првите ангажмани на професионална актерка ги добива во Драмата на Макеоднскиот народен театар и во Турската драма при театарот на народностите во Скопје. 1967 година се вработува во Драмскиот театар Скопје, каде настапува во бројни претстави. Чувствителна и топла, непосредна и комуникативна, со смисла за логична анализа на ликовите, со одлика на пластича, слоевита и точна актерска игра. Комичните елементи на ликовите ги сфаќа како доживување, а не импровизација. Рецитирањето го негува на нејзин оргинален начин.

Настапувала во повеќе телевизиски и радио проекти. Како гостин учествува и во претстави при Театарот на народностите во Скопје од кои се истакнуваат улогите во претставите: „Мајка храброст“ од Брехт, „Крвави свадби“ од Лорка и други. Гостува и во театарите во Прилеп, Куманово, Велес и други. Учествува на повеќе театарски фестивали како „Дубровнички летни игри“, „Охридско лето“, „Војдан Чернодрински“, фестивали во Шибеник, Каракас, на „Стерјиното позорје“ и на МЕС - Сарајево.


Позначајни театарски претстави:

Болва во уво
Солунски патрдии
Рибарски караници
Еригон
Косанчиќев венец
Авантурите на Понг и Луси
Свадба
Јане Задрогаз
Хамлет
Добра ноќ мајко
Стапица
Дејството на Гама зраците врз сенишните невени
Вишнова градина
Кројач за дами
Слободен лов
Татко
Самоубиец
Дамите од Аламо
Игранка во времето на Лунаса
Жени со искуство
Злостори на срцето
Убиј ме дучшике
Словенскиот ковчег
Платонов
Ферхад и Ширин

Домот на Бернарда Алба


Филмски улоги:

Др Вера Перкова - Сенки, режија Милчо Манчевски, 2007
Комшиката - Контакт, режија Сергеј Станојковски, 2005
На Балканот не се пие чај, ТВ Фим, режија Младен Крстевски, 1998
Преку езерото, режија Антонио Митриќески, 1997
Ангели на отпад, режија Димитрие Османли, 1995
Сабина Тозија - Време живот, режија Иван Митевски, 1992
Тетовирање, режија Столе Попов, 1991
Трето доба, режија Иван Митевски, ТВ серија, 1986
Јазол, режија Кирил Ценевски, 1985
Црвениот Коњ, режија Столе Попов, 1983
Јужна патека, режија Стево Црвенковски, 1982
Полноќно сонце, режија Љупчо Билбиловски, 1982
Оловна бригада, режија Кирил Ценевски, 1980
Време води, режија Бранко Гапо, 1980
Исправи се Делфина, режиј Александар Ѓурчинов, 1977

Награди:

1996 година - Награда „Климент Охридски“ за повеќегодишна успешна работа
1996 година е прогласена за актер на годината според списанието „Екран“ за улогата во „Игранка во времето на Лунаса“.

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios