"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
dramski on mobile

       
Снежана Стамеска

 


Снежана Стамеска, родена 1946 година во Скопје. По завршувањето на Театарската акедемија во Белград, во 1971 година се вработува во Драмски театар Скопје во кој за релативно кратко време се афирмира како една од водечките актерки, со низа главни и споредни улоги. Снежана Стамеска е актерка со развиена смисла за логична и диференцирана обработка на текстот успевајќи да изнајде автнетични психолошки особености на ликовите кои ги толкува. Покрај ангажманот во матичниот театар, се појавува и на сцената на другите театарски институции во земјава. Има играно во неколку филмски остварувања, настапува на радиото и телевизијата, а го негува и рецитирањето.


Поважни театарски улоги:

Косара – Владимир и Косара од Таневски, ДТС
Ленче – Бегалка од В. Иљоски, ДТС
Злата – Свадба од В. Иљоски, ДТС
Анѓа – Хамлет од Долно Гаштани од И. Брешан, ДТС
Марија – Војцек од Бихнер, ДТС
Арманда – Учени жени од Молиер, ДТС
Рут – Дејството на гама зраците врз сенишните невени од П. Зиндел, ДТС
Цена – Јане Задрогаз од Г. Стефановски, ДТС
Бена – Ослободувањето на Скопје од Д. Јовановиќ, ДТС
Смилка – Диво месо од Г. Стефановски, ДТС
Зоја – Зојкиниот стан од Булгаков, ДТС
Мери – Долго патување во ноќта од О`Нил, ДТС

Паца – Викенд на мртовци од М. Попски
Мица – Сили во воздухот од Ромчевиќ
Деде Ченс – Дамите од Аламо од Зиндел
Филомена – Кумови од К. Ангеловски
Кејт – Игранка во времето на Лунаса од Б. Фрил
Мег – Злостори на срцето од Б. Хенли
Пандора – Солунски патрдии од К. Ангеловски

Останати претстави од репертоарот на Драмски театар – Скопје: Патувачки театар Шопаловиќ, Шуаби ап, Балконот, Чернодрински се враќа дома, Прости дарови, Дон Жуан, Жени со искуство, Месечев цвет, Убиј ме душичке, Свадбата на Фигаро, Платонов, Мефисто, Диво месо, Војцек, Домот на Бернарда Алба, Лет во место и други.

Филмски улоги:

Глас од Огнен Георгиевски, 2000
Во светот на бајките, едукативна ТВ серија, МРТВ, 1995
Мица - Сили во воздухот, р. Ацо Алексов, ТВ филм, 1992
Сина – Трст виа Скопје, р. Богдан Поп Ѓорчев, ТВ серија, МРТВ, 1987
Пандора – Солунски патрдии, р. Коле Ангеловски, ТВ серија, МРТВ, 1985
Сара – Трговецот од Солун, р. Душко Наумовски, МРТВ, 1985

Нели ти реков р. Стево Црвенковски, 1984
Примадоната - Комедијанти, ТВ серија, МРТВ 1984

Диво месо од Горан Стефановски, ТВ филм, МРТВ, 1984
Цвета – Двојка, р. Тихомир Бачовски, ТВ филм, 1980

Жена од малтер, р. Јане Петковски, ТВ филм, 1979
Залез зад езерската земја, ТВ серија, 1973
Кукла, р. Димитрие Османли, ТВ филм, 1973
Емица – Жед, р. Димитрие Османли, ТВ филм, 1971

Коктел за четворица, р. Димитрие Османли, ТВ, 1970
Маљва, р. Димитрие Османли, TV, 1969
Нешто темно и тешко, р. Славољуб Стефановиќ – Равази, ТВ, 1968

Награди:

Награда „Златен ловоров венец“ на Фестивалот на мали и експериментални сцени на Југославија во Сараево (МЕСС)
Стериина награда за улогата на Мица во претставата „Сили во воздухот“
Актер на годината за 1986 според ревијата Екран за улогата на Зоја во претставата „Зојкиниот стан“

 



 
Назад  
 


    Пребарување
         
  ЧПП

 

Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
Драмски Театар
         
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008
 
users online
Android BlackBary Ios