„Горан во Драмски“ – монографија за нераскинливата врска на големиот писател и значајниот театар

23 Ноември 2021

 

244408934 536181244121387 854483331363632901 n

Театарската претстава е призрак што живее само во рамките на времето дури се игра, дури се гледа.

 

Монографијата ги отсликува почетоците и долгогодишната работа на Стефановски како драмски писател и во неа автентично се претставени и моменти од неговата соработка со режисерите и неколку генерации актери кои се развивале, оживувајќи ги неговите дела во Драмскиот театар. Инаку, Стефановски напишал над 30 драмски текстови, од кои над 14 премиерно се изведени на сцената на Драмски. Приредувач на изданието е Александра Бошковска

„Театарската претстава е призрак што живее само во рамките на времето дури се игра, дури се гледа. На секоја изведба исчезнува по малку, за еден ден, кога ќе ѝ помине рокот, да биде симната од репертоар и укината. Не постои витрина во која е складирана, уредно спакувана во чиста и цврста кутија од која ќе може да ја извадите и пак да ја погледнете. Зад неа остануваат сеќавања, фотографии, запишани импресии, по неколку награди што ги освоила (доколку ги освоила) и штури податоци, имиња и бројки. А нив, за среќа, може да ги собереме во кутија. Е оваа книга е токму тоа: миризлив и подреден ковчег полн богатства што на театарските сладокусци на денешницата ќе им овозможи едно насочено патување во театарското минато, а на театарските професионалци цврста појдовна точка за нивно детално допроучување“, пишува во воведот на монографијата посветена на Горан Стефановски „Горан во Драмски“ Александра Бошковска, приредувач на изданието.

Диво месо

Монографијата ги отсликува почетоците и долгогодишната работа на Стефановски како драмски писател и во неа автентично се претставени и моменти од неговата соработка со режисерите и неколку генерации актери кои се развивале, оживувајќи ги неговите дела во Драмскиот театар. Инаку, Стефановски напишал над 30 драмски текстови, од кои над 14 премиерно се изведени на сцената на Драмски.

„Книгата ја составував прилично изолирано и осамено, минатата година, во специфични услови на страв и неизвесност. За среќа, поседував еден голем дел од материјалите дома, а остатокот знаев каде да го лоцирам на едноставен, брз и безбеден начин. Таа содржи 177 страници, 62 фотографии од претставите (црно-бели скенови), 14 скенови на плакати/програмчиња од сите 14 претстави. Вкоричена е во тврд повез“, вели за весникот ВЕЧЕР Александра Бошковска.

Како што ни истакнува таа, книгата е составена од 14 поглавја, кои детално претставуваат 14 театарски постановки на текстови на Горан Стефановски во Драмски театар Скопје. Станува збор за претставите „Јане Задрогаз“, „Диво месо“ (два пати), „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“ (два пати), „Кула вавилонска“, „Чернодрински се враќа дома“, „Сега му е мајката“, „Жив човек“, „Лет во место“, „Демонот од Дебар Маало“ и „Огнени јазици“.

 
Дупло дно

„Во секое поглавје се застапени: основни податоци за текстот, листа на учесници во авторскиот тим што ја создал претставата, број на изведби, датум на премиера, извадоци од критики, фотографии од претставите, како и информации за награди и учество на фестивали, доколку ги има. Паралелно со овие 14 поглавја, течат две приказни кои ни го откриваат контекстот на овие постановки: 1) хронологија на поважните општествени (политички, уметнички, научни, културни, технички…) настани што го обликуваат овие 39 години соработка; и 2) хронологија на поважните датуми во животот на Горан Стефановски, како и останатата творечка дејност што ја создава надвор од сцената на Драмски театар“, додава таа.

Александар Милосављевиќ, театролог од Србија, пак, во текстот „Писателот и неговиот театар“ објавен во специјализираното списание за театар „Сцена“ кое го издава Стериино Позорје, за книгата ќе посочи: „Насловот ‘Горан во Драмски’ не е последица на евентуална, неумесна приватизација која еден театар ја воспоставува наспрема опусот на меѓународно признатиот писател, автор на 30 драмски дела, сценски либрета и едночинки, туку се базира на фактот дека во скопскиот Драмски театар се изведени премиерите на 14 дела на Стефановски, од кои 8 праизведби, што значи дека врските меѓу драматургот и овој театар биле исклучително значајни и цврсти. За длабочината на тие релации, како што потсетува авторката на книгата, сведочат и многу факти од животот на Горан Стефановски. Уште од самото раѓање, семејно и по потекло евидентно судбински врзан за Театарот, Стефановски не се спротивставува на запишаното во гените туку упишува драматургија, а своите релации кон театарот ги потврдува и со драмите што ги пишува, на пример, драмата ‘Јане Задрогаз’“.

 
Јане Задрогаз

Но тој во својот текст и ќе се праша: Ако Горан навистина беше, а секако дека е така, првокласна театарска личност, зошто толку цврсто, и со толкав број премиери и праизведби на своите драми се врза баш за Драмски?

 
Диво месо, 1979

„Одговорот на ова прашање го нуди Александра Бошковска само со набројувањето на имињата на режисерите, претставници на различни генерации, кои на сцената на овој театар ги поставуваа драмите на Стефановски, а на тој список се Љубиша Георгиевски, Паоло Маџели, Димитар Станковски, Александар Поповски, Љупчо Георгиевски, Дејан Дамјановски – но пред сè – Слободан Унковски. Токму тој во Драмски театар ќе режира дури седум драми на Горан. Несомнено Стефановски е еден од најдобрите и најзначајните драматурзи не само во релациите на македонскиот театарски живот, туку и на Балканот, но и на многу пошироки простори, па оттука не изненадува што најдобрите и најуспешните режисери се трудеа да ги оживеат неговите дела на театарската сцена…“, додава меѓудругото Милосављевиќ.

Српскиот театролог го завршува својот текст со зборовите: „’Горан во Драмски’ на Александра Бошковска е драгоцено сведоштво за плодната и успешна соработка на големиот писател и значајниот театар, за уметничките дострели на таа соработка но истовремено оваа книга е за пофалба вреден модел како треба да се однесуваме кон наследството кое зад себе го остава театарската уметност за која премногу често велиме дека е ефемерна. Нема никаков сомнеж дека ова дело ќе биде значајна референца во претстојните театролошки истражувања кои се однесуваат на Стефановски, режисерите кои на сцена ги поставуваа неговите дела и Драмскиот театар. Воедно, се надеваме дека книгата ќе биде поттик за создавање на слични дела“.

 Тетовирани души, 1986

Монографијата „Горан во Драмски“ беше промовирана во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп во рамките на годинешниот Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Наташа Илиевска-Таневски

Извор: Вечер

линк

Јануари
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Рута Група Триглав


Ruta Grupa Triglav

Огласи

  • ДИРЕКТОР

    5. Катарина Коцевска Хаџи Василева

    Катарина Коцевска Хаџи Василева

    (11 април 1959, Скопје)

    Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1982). Работи во Драмски театар Скопје од 1983 година. Покрај актерскиот ангажман во матичната куќа, настапува на театарските сцени низ Р.Македонија, и оставрува улоги и во телевизиски и филмски проекти. Коцевска е автор на неколку драмски текстови и потпишува неколку театарски режии. 

    Селективна театарографија:Емил (Еригон, 1982); Мира (Хај-фај, 1983);  Олга Бизјак (Карамазови, 1984);  Котис (Крал Иби, 1984); Салома (Салома, 1985); Луси (Авантурите на Понг и Луси, 1985); Маре (Тетовирани души, 1985); Марион (Смртта на Дантон, 1987); Сели (Закопано дете, 1987); Марија Малон (Р, 1987); Ели (Стапица, 1987);  Покојната Милица (Собирен центар, 1989); Прва ќерка ( Медеја, 1989); Весела (Ало, будење, 1990); Верче (Чија си, 1991); Галаба Рубен (Не сега драга, најдобро е попладне, 1991); Сопругата (Како да ја убиеш сопругата ....и зошто, 1993); Праксагора (Жените од народното собрание, 1994);  Дијана (Питачка опера, 1996); Жена  (Три високи жени, 1996); Тимофеја Гордеевич Бугрова (Платонов, 1999); Карола Мартин (Мефисто, 2000);  Мајката на Леха (Падот на невиноста, 2002); Џилијен (Брачна игра, 2003); Босилка Ракаџиева (Хамлет од Долно Гаштани, 2005); Вера (Нашиот непрежален, 2006); Сопругата (Како да ја убиеш сопругата и зошто, 2008); Гертруда (Хамлет, 2010); Шабан бег (Солунски патрдии, 2013) 

    Селективна филмографија: Викенд на мртовци (1988); Пред дождот (1994); Самоуништување (1996); Вета (2001).

    Награди; Награда на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија за улогата во „Хај-Фај“(1983);  Награда за најдобро актерскио остварување за улогата на Олга Бизјак во претставата „Карамазови” на МТФ „Војдан Чернодрински” Прилеп (1984);Награда за најдобра млада актерка во Југославија на фестивалот на Југословенски театар - Сараево, за улогата на Олга Бизјак Митиќ во претставата „Карамазови“ (1985); Награда за извонредна актерска двојка во дуодрамата „Брачна игра” од Едвард Олби, на IV Сеукраински фестивал „Тернопилски вечери” (Тернопил, Украина, 2003); Награда од публиката за најдобро актерско остварување на вечерта за улогата на Илиен во претставата „Брачна игра”  на XXII „Нушичеви денови” ( Смедерево, Р.Србија, 2005) и други.

    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот
  • Одлука за избор на друг раководител - 25.2.2022
    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот
  • Јавен оглас

    Во прилог Јавниот оглас и Пријавата за вработување.

    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот
  • Евиденција за лица овластени за вршење обработка на лични податоци на НУ ДТС

    Евиденција за лица овластени за вршење обработка на лични податоци на НУ ДТС

    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот
  • Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на аудицијата, како и начинот на бодување

    Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на аудицијата, како и начинот на бодување

    Следни изведби
    4.02.2023 од 20:00 часот
    8.02.2023 од 20:00 часот
    9.02.2023 од 20:00 часот
    10.02.2023 од 20:00 часот
    11.02.2023 од 20:00 часот
    15.02.2023 од 20:00 часот
    16.02.2023 од 20:00 часот
    17.02.2023 од 20:00 часот
    18.02.2023 од 20:00 часот
    20.02.2023 од 20:00 часот

Следни претстави

Мојот маж
04 Февруари 2023
Како да се ограби банка - ОДЛОЖЕНА
08 Февруари 2023
Диши
09 Февруари 2023