
Групацијата Триглав потпиша ексклузивен договор за спонзорство со регионалната театарска унија - РУТА
Со особена гордост и задоволство објавуваме дека Групацијата Триглав потпиша ексклузивен договор за спонзорство со регионалната театарска унија - РУТА, со што унијата добива ново име и сега официјално се нарекува РУТА ГРУПА ТРИГЛАВ.
Со овој договор Групацијата Триглав значително го обезбеди финансискиот континуитет на фестивалот што е од огромно значење за ваков регионално важен проект. Сега можеме да се посветиме на она во што сме најдобри, а тоа се театарот, уметноста и рушењето на бариерите создадени од политиката, омразата, недоразбирањето и некултурата.
Next stop фестивал РУТА Група Триглав на Бриони од 13.08. - 25.08.2021 година.
https://www.facebook.com/RUTAGrupaTriglav/