НЕСООДВЕТНО ЗА НА РАБОТА - ЛУСИ КИРКВУД

22 Јули 2019

Театарска претстава по текст на Lusy Kirkwood, во режија на D. W. Moffett

Низ серија екстремно луцидни и, за жал, на повеќето од нас толку познати и блиски сцени од корпоративното, во случајов, медиумско секојдневие, во „Несоодветно за на работа“ Кирквуд ни дава јасна слика за симптомите на едно метастазирано општество прикажувајќи ја немилосрдната експлоатација која почнува, завршува или се прекршува врз женското тело. Како и вообичаено, и самите жени често се покорни и/или амбициозни соучеснички во борбата чија единствена цел е победа врз послабите и профит по секоја цена и во која единствената сатисфакција произлегува од продолжувањето на патријархално-капиталистичкиот тренд на концентрација и задржување на (парите) моќта и искачувањето по корпоративната вертикала.

Неколкуте искри на бунт завршуваат вешто и подло загушени од центрите на моќ (прикажани преку бескрупулозните уредници/чки) во комбинација со економските околности (класната положба) на ликовите принудени да живуркаат во постојана (полу)прекарна состојба, па и по цена и на последните ронки човечко достоинство. Конечно, исклучена е речиси секоја надеж за некакво алтернативно постоење или ослободување од стегите на системот кој успева да ги измолзи постојните и целосно да се прилагоди на новите форми на „генерирање профит“ без да изгуби од суровоста.

Во свет на неизбежна и целосна комодификација кога веќе ни е јасно дека сите имаме „своја цена“, нѐ остава со дилемата дали е само илузија тоа што понекогаш наивно се тешиме дека „барем некои работи не се на продажба“.

Ана Василева

Март
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Огласи

  • Јавен оглас за вработување на неопределено време

    .НУ Драмски театар Скопје има потреба од вработување на едно (1) лице на неопределено време.

    Следни изведби
    6.03.2021 од 20:00 часот
    12.03.2021 од 20:00 часот
    13.03.2021 од 20:00 часот
    19.03.2021 од 20:00 часот
    26.03.2021 од 20:00 часот
    27.03.2021 од 20:00 часот
  • Завршна сметка за 2019 година

     

    Почитувани,

    Во прилог можете да ги превземете завршните сметки за 2019-та година.

    Со почит,

    Следни изведби
    6.03.2021 од 20:00 часот
    12.03.2021 од 20:00 часот
    13.03.2021 од 20:00 часот
    19.03.2021 од 20:00 часот
    26.03.2021 од 20:00 часот
    27.03.2021 од 20:00 часот
  • Кодекс за административни службеници

    Кодексот за административни службеници можете да го превземете од следниот линк.

    Следни изведби
    6.03.2021 од 20:00 часот
    12.03.2021 од 20:00 часот
    13.03.2021 од 20:00 часот
    19.03.2021 од 20:00 часот
    26.03.2021 од 20:00 часот
    27.03.2021 од 20:00 часот
  • Завршна сметка за 2018 година
    Следни изведби
    6.03.2021 од 20:00 часот
    12.03.2021 од 20:00 часот
    13.03.2021 од 20:00 часот
    19.03.2021 од 20:00 часот
    26.03.2021 од 20:00 часот
    27.03.2021 од 20:00 часот
  • Jавен оглас за вработување | 20.12.2018
    Следни изведби
    6.03.2021 од 20:00 часот
    12.03.2021 од 20:00 часот
    13.03.2021 од 20:00 часот
    19.03.2021 од 20:00 часот
    26.03.2021 од 20:00 часот
    27.03.2021 од 20:00 часот

Следни претстави